Биди љубезен, бидејќи секој што ќе го сретнеш, минува низ тешка борба

Ако нешто научив од животот, тоа е дека понекогаш најмрачните времиња, можат да не’ донесат до најсветлите места. Научив дека најотровните поединци, можат да не’ научат на најважните лекции. Најболните борби, да не донесат до најважниот личен раст и кога ги губиме најголемите пријатели или љубовта, всушност се создава простор, за најпрекрасните луѓе кои треба да дојдат.

Научив дека, она што во одреден момент делува како проклетство, може да биде најголем благослов и тоа што делува, како крај на патот, ќе ни открие дека за нас постои, некој друг пат. Научив дека, без оглед колку очајно се чувствуваме и колку ужасно некоја ситуација делува на нас, не смееме да се откажеме. Мораме да продолжиме понатаму.

Дури и кога е страшно, дури и кога мислиме дека повеќе немаме сила, мораме да се подигнеме и да продолжиме напред. Тоа со кое моментално се бориме, ќе помине, а ние ќе преживееме. Стигнавме толку далеку. Можеме да издржиме и се’ друго што треба да ни се случи.

Daniell Koepke

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: