Луѓето се почитуваат со зборови, а се сакаат со молчење

‘Не мислете, не судете, само слушајте. Никогаш не ја пропуштај приликата да замолчиш’- Will Rogers

Молчењето е подобро, од давањето на непобаран совет. Тоа ве префрла од улогата на јунак, во помошник, фокусиран на слушање и разбирање на она што се случува во умот на другата личност. Подобро е да се биде добар слушател, отколку да се даваат совети кои никој не ги прифаќа.

Најдобриот совет е, сочувство со личноста на која и’ е потребна помош. Да се вежба- ‘да се влезе во кожата на другиот’ е подобро, отколку да се трудите, таа да влезе во вашата. Давањето на совети е интимна работа.

Коментарот за однесувањето на личноста и нејзините емоции, може да се окарактеризира како осудување. Избегнете ги речениците кои почнуваат: ‘Да сум јас на твоето место’… Емпатијата е најважна за поврзувањето со луѓетото, бидејќи не ги доведува во одбрамбена положба и не резултира, со престанок на слушање.

Секоја личност е единствена. Истиот совет, даден на две различни личности, ќе доведе до различни реакции. Не претпоставувајте дека другите го доживуваат животот и гледаат, низ исти наочари како вие. Вашата улога не е, да ја наметнувате својата перспектива, туку да и’ помогнете на личноста, да пронајде решение кое за неа е најдобро.

Слушањето бара отвореност. Дури и ако молчите, не можете да и’ помогнете на личноста, ако во себе и’ судите за нејзините емоции или однесување. Поставувањето на прашања и слушање без прекинување, може да ви помогне и вас и на другата личност, подобро да разберете што е всушност проблемот.

Извор: www medium.com

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading