На крајот нема да се сеќаваме на зборовите на нашите непријатели, туку на молкот на нашите пријатели.

Се работи за вештината да не се доживуваат навредите лично. За да ја совладате таа вештина, морате да освестите дека секоја изјава, акција и реакција на другите, е резултат на нивното животно искуство. Со други зборови, многумина зборуваат и прават работи од позиција на страв, заклучоци, самоодбрана и обидот да преживеат.

Повеќето навреди, дури и кога се упатени право кон нас, немаат никаква врска со нас. Обично се работи за нивни искуства, посебно оние најпрвите, кои ги доживеале во слична ситуација.

Емоциите, желбите и фантазиите, се во постојано движење. Речиси ништо не е лично. Дури ни кога станува збор за најблиските. Сите пливаме во проекциите и филтрите на меѓусебните животни искуства и често сме споредни ликови, шаховски фигури во животот, на кои нашите блиски имаат одредени реакции.

Не го доживувајте тоа, како дехуманизација на животот или смалување на чувствата во односите, бидејќи, најчесто навредите се само недоразбирање. Кога ќе ја прифатиме оваа идеја, создаваме повеќе простор за интимност, а помалку за страдање.

Ова ни дава слобода да се тргнеме од реакциите на луѓето кои не’ опкружуваат. Колку често се навредуваме, поради некоја изјава, наместо да бидеме свесни, дека таа личност нешто ја мачи?

Секој пат кога ќе се навредиме, дадена ни е прилика да ја шириме добрината кон личноста која е несреќна- дури и ако не изгледа така на прв поглед. Сета лутина, реакција, грубост и критизирање, вистински се показател на страдањето. Кога не им даваме шанса да се ‘залепат’ за нас, нешто се менува во светот.

Не мораме дури ништо ни да кажеме. Всушност е подобро да не кажеме ништо. Луѓето кои страдаат одвнатре, а тоа не го покажуваат, обично не се подготвени да слушнат дека страдаат. Не мораме да бидеме терапевти на своите ближни, само мораме да ја разбереме ситуацијата и да продолжиме понатаму.

Ако ништо друго, ќе се поштедиме себе си од страдање, а ќе направиме нешто и светот да стане подобар. Нашата вредност не ја одредуваат туѓите зборови. Не го сфаќајте ова како допуштање, некој да ве повреди, занемарува или искористува. Во вистинското сочувство, нема место за било каква штета кон нас.

Но, кога ќе освестиме дека ништо не е лично, чудата почнуваат да се случуваат. Многу ‘злоставувачи’, почнуваат да исчезнуваат од нашиот живот. Кога ќе станеме свесни, наводното ‘злоставување’ станува можно, единствено ако поверуваме во туѓите зборови. Кога сме сигурни дека ништо не е лично, нема да се чувствуваме ‘злоставувано’.

Можеме да кажеме: ‘Благодарам што тоа го подели со мене’ и да продолжиме понатаму. Нема да се ‘закачиме’ на туѓи зборови, кога знаеме дека тие немаат врска со нас. Кога знаеме дека нашата вредност не ја одредуваат туѓитете зборови, дела и уверувања, светот можеме да почнеме да го сметаме помалку сериозно.

Но, можеме само да се одалечиме, без потреба да создаваме уште повеќе страдање или уверување, дека за некој навистина не сме вредни. Голем е предизвикот да се живее среќно, без оглед на туѓите зборови, дела, мислење или уверување. Уметноста на сфаќањето, дека навредите не се ништо лично, е една од многуте вештини. Иако за нив ќе ви треба цел живот, тоа е навистина една од најважните тајни за среќен живот.

Извор: Health Food Soul

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: