Кога самите себе ќе се видиме ‘малечки’, тоа ја искривува големината на проблемот и предизвиците со кои се соочуваме. Лесно ќе се уплашиме, дури уште полесно ќе се обесхрабриме, при остварувањето на посакуваниот успех. Грешките ни се чинат конечни, непремостливи, а неуспехот, знак на нашата безвредност.
Ако се гледате себе си малечки, а се’ друго големо, сликата за себе е искривена, а успешноста на вашиот пат оптеретена. Но, ние сме одраз на големината и тоа треба да го имаме во предвид. Имало безброј предизвици, за кои сте мислеле дека се поголеми од вас, но еве, уште сте тука. Не ве поразиле, не ве застанале.
Посебно во тешките моменти, треба да ги одржуваме живи, своите соништа, своите врски, својата кариера, своите цели. Бидејќи треба да се запомни: ‘Не сте отфрлени, вие сте пренасочени.
Нешто е одложено, но не и одбиено. Поголеми сте, отколку што можете да замислите. Вредните сте за тоа, така треба и да живеете.
Steve Maraboli
Leave a Reply