Откажување значи дека се потценуваш. Тоа значи, да му дозволиш на стравот, да ги ограничува твоите можности и да те држи во место.
Отпуштање значи ослободување на самата себе, од нешто, што повеќе не ти служи. Тоа значи одалечување од луѓе и уверувања кои те трујат и кочат, за да може во својот живот, да се направи место за односи и идеи, кои придонесуваат кон твојата благосостојба и среќа.
Откажувањето го кочи твојот живот. Отпуштањето му дава крила. Откажувањето значи затворање. Отпуштање значи слобода. Откажување е пораз за самиот себе.
Затоа, кога следниот пат ќе одлучиш, да отпуштиш нешто или некој, кој ја кочи твојата среќа и твојот личен раст, а таа личност ќе те обвини за откажување и слабост, потсети се самата себе, на разликата помеѓу овие два поими.
Потсети се, дека не ти треба ничија дозвола или одобрување, да живееш на начин, кој тебе ти одговара. Никој нема право да ти зборува, кој да бидеш и како да живееш. Никој нема право да одлучи, како твојот живот треба да изгледа и кој треба да биде дел од твојот живот.
Никој, освен тебе сама.
Daniell Koepke
Leave a Reply