Лесно е да се прифатат заслугите, но секој од нас и греши, па понекогаш треба да се прифатат грешките и сите непријатни чувства, кои се појавуваат во тој момент, како вина, срам и лутина.
Од грешките и пропустите, секогаш можеме нешто да научиме, но потребна ни е одлучност, за да не се обесхрабриме или да се откажеме од своите цели.
Одлучноста е тивка внатрешна сила, која ни овозможува да не се уплашиме пред препреките, да станеме по секој пораз, истрајно да ги следиме своите цели. Понекогаш ја мешаат со тврдоглавост. Но, тврдоглавоста, во себе може да има и црта на себичност: да се истрае на она, што мене ми е важно, без оглед на тоа каков ќе биде впечатокот на другите.
Одлучноста, наспроти тоа, почива на здрави темели на самосвесност, чувство на сопствената вредност и моралност. Одлучноста во нас се раѓа, кога знаеш кој си и што се твоите животни цели. Се зацврстува, кога знаеш што ти е вредно и колку вредиш, без оглед на општествените стандарди.
Со чувство дека нашите цели се добри за нас и не им штетат на другите, лесно ќе постапиме исправно, ќе носиме вистински одлуки. Сржта на одлучноста, е силата на срцето, кое верува во своите соништа, останува верно на нив и пронаоѓа вистински начин, да ги остварува.
Leave a Reply