Не грижете се за тоа што мислат луѓето – тие ретко го прават тоа

Секогаш кога свесно ќе пропуштиме добра прилика, покажуваме дека не сме сигурни дали сме достојни. Не веруваме во себе. Секогаш кога ви се чини, дека некој е на позиција, која по никој основ не му припаѓа, сетете се, дека тој истиот се уверил себе си, дека тоа го може и ете го.

Тој ви се смее вас и на приликата која ја зграбил. Ниту една шанса која ќе ни се укаже, не е поголема од нас самите. Ние сме тие, кои ја одредуваат големината, споредувајќи се со неа. Ние сме тие, кои се откажуваме, поради недостаток на љубов и доверба во себе.

Добра вест е дека приликите никогаш, ама баш никогаш, не се откажуваат од нас. Наново и наново ќе се појавуваат, ќе се враќааат, ќе го менуваат обликот или името, но, секогаш ќе бидат тука. Најдобрата вест е дека нас ни ги пушта, Оној кој никогаш не се откажува од нас, како родител што не се откажува од своите деца, колку и да паѓаат, додека не научат да одат.

Пуштена рака има насекаде. Ние понекогаш не ја прифаќаме. Или ‘скитаме’ или ‘спиеме’. Можеби е вистинскиот момент, да се разбудиме и да ја прифатиме раката. Не е тешко да се прифати помош.

Тешко е и вистинска штета, да се остане на колена, ако веќе имаме моќ да трчаме.

Бранкица Дамјановиќ

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: