Не ми е толку важно како ме гледаат другите, колку што ми е важно, како се гледам јас

Прекрасна колумна на Oprah Winfrey

Сакам да гледам како зајдисонцето го менува небото, бидејќи природата се менува, со многу поголема леснотија од луѓето. Го знам тоа, бидејќи од личност, која емоционално се прејадува, се обидувам да се претворам во личност, која се соочува со своите чувства, ги решава и не се обидува да ги потисни, со пуштање на раката во фрижидерот.

Многу е едноставно, да ставиш маска на лицето и да се преправаш, дека си некој друг. Првото соочување со себе – ископување на длабоко вкоренети проблеми, исто е, како да се обидувате со обична лопата, да ископате тунел во планината. Постојано ќе налетувате на камења. Сепак, сфатив дека камењата неприметно се претвораат во рид, а потоа, во планина.

Нашата задача е секојдневно ‘чистење’ на насобраните емоции. Како на работа, така и во семејните, пријателските и љубовни односи, како и во нас самите. Мораме да се грижиме за своето добро и здравје.

Вистински идеал. Игнорирањето на проблемот е секако, по едноставно, но ако направиме, макар мал чекор, во соочување со тие проблеми, тој чекор, на крај ќе се претвори во огромен скок, на патот кон самооткривањето.

Да се досегне сопствениот потенцијал, како човечко суштество е повеќе од идеал. Тоа е крајната цел. Она за што сме способни, нема никаква врска со општествените уверувања и непосакуваните особини.

Зборувам за вистинскиот идеал- чија душа сте допреле? Кого сте сакале и кој ве сакал вас? Тоа е она што е важно. За мене е единствена цел, по која треба да се трага, промена на свеста, за да разбереме дека не сме ни подобри, ни полоши, од било кое друго суштество. Бидејќи само сме.

Извор: Oprah.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: