Подобро утре е всушност денес.
Оваа порака е важна да ја разбереме, бидејќи иднината ја градиме денес- со денешните акции, денешните мисли и стремежи. Често се наоѓаме затворени, во тој маѓепсан круг- ‘уште само денес, ќе го направам ова што не ми се допаѓа, уште само денес, ќе издржам во овој однос кој не е за мене, уште само денес, ќе јадам храна која не го прави моето тело здраво’.
Цело време, некаде длабоко во себе знаеме, дека сето тоа би требало да биде, некако поинаку. Знаеме, дека тоа што го правиме, не сме ние, не сме среќни, а со тоа, дека не сакаме во иднина и понатаму, тоа да го правиме или да бидеме. Но, само уште денес!
И тоа ‘денес’ никако да помине. Конечноста и непроменливоста на таквата ситуација, се чини како цврст факт. Главниот адут, всушност цело време, го држиме во своите раце, а се вика свесност. Ако го освестиме што е тоа што го сакаме, што е тоа што не’ прави среќни, ќе знаеме што да правиме.
Но, свесноста, не е тоа што го знаеме, на ниво на зборови и логика. Сите ние, многу добро знаеме што треба да направиме, ситуацијата да се сврти и разреши. Но, кога треба да се премине од зборови на дела, тогаш ќе почувствуваме што значи изразот ‘пушти ги приказните’ и цел наш ентузијазам ќе избледи. Одеднаш сите други работи и проблеми ни изгледаат поважни.
Зошто тоа го правиме? Зошто е тешко да се оди напред? Одговорот е во нашата животна едукација. Ни недостасува емотивна сила и стабилност. Но, што да се прави кога сме ‘до грло’ во животот и немаме тренинг од мали нозе?
Ден по ден, е парадигмата која носи решение. Секој ден направете мал чекор, кој ќе ве доведе, поблиску до целта. Денес откажете се од стравот и кажете му на партнерот што сакате. Денес преминете преку својот вообичаен начин на однесување и на работа, гласно кажете еден мал дел, од она што мислите дека е исправен начин на работа. Денес не бидете лошо расположени за почеток, кренете ја главата, иако ви паѓа откога станавте.
При тоа, бидете отворени и подготвени, за она што животот ви нуди како критика, било да е позитивна или негативна. Луѓето често се држат до некои ставови и не ги ревидираат. А да ги изложат, малку почесто на дневна светлина, можеби ќе сфатат, дека тие ставови и не се така вредни.
Ја занемаруваме моќта на искреноста, во прв ред кон себе. Ден по ден реагирајќи искрено, создаваме можност, навистина да постигнеме се’ што сакаме.
Затоа, кренете ја главата, не гледајте постојано во стеблото пред себе, туку храбро зачекорете кон напред! Запрашајте се, што всушност посакувате од животот и кој е следниот чекор, кој ќе ве одведе, ден по ден, поблиску до таа цел.
Извор: Sensa
Leave a Reply