Нашиот живот зависи од случајни средби, пресврти на судбината и неочекувани разгранувања на патиштата. Дури и ако сметате дека вашиот живот, е распореден по минути и детално испланиран, сепак се’ може да се преврти на најнеочекуван начин.
Случајности, тие мали чуда, не се ништо друго, освен потсетување: дека Универзумот има некои планови за вас, за кои не можете ни да сонувате. Секој од нас, е вклучен во мрежата на случајности- тие не’ инспирираат и ни помагаат да го избереме животниот пат. Околностите на средбите, лесно се забележуваат по извесно време. Меѓутоа, оној кој умее да ги види во сегашноста, се наоѓа во подобра позиција. Таков човек, има повеќе шанси да ги искористи новите можности.
Покрај тоа, освестувањето се претвора во енергија. Колку повнимателно ги пратите случајностите, тие почесто се случуваат- а тоа значи, дека кај вас е поголем пристапот до пораките- знаковите за патот и смерот кој ви е предодреден.
Дипак Чопра – ‘Исполнување на желбите’
Leave a Reply