Не мора на секој да му бидете се’. Не мора секогаш, на вашето лице да има насмевка, кога поминувате низ внатрешни кризи. Не може и не мора, секој ден да изгледа, како ден од бајка.
Во животот некогаш се искачувате, а некогаш паѓате. Некогаш ви оди се’ од рака, а некогаш немате среќа. Бидете пред се’ она што сте, покажете како се чувствувате, а потоа ќе видите, како работите се редат сами од себе.
Битката за совршенството, во секој поглед, само ќе ве докрајчи. Не чекајте сите околности да се наредат, за да тргнете напред. Она што сега го имате, е доволно да започнете нова авантура, за да ги откриете секој ден приликите, кои никогаш порано не биле и кои никогаш нема да се повторат. Сфатете дека љубовта, уште денес, можете на некој да му ја подарите, без да чекате и таа другата страна, да ги покаже своите намери кон вас.
Совршенството не значи, дека се’ околу вас е совршено добро, туку вие да се чувствивате подготвени, се’ околу вас да направите да биде подобро, почнувајќи од себе. Не се враќајте на места, на кои сте биле повредени, тоа се само места на вашите лекции. Не се враќајте на искуства кои ги надминавте, бидејќи секој ден, е ново скалило кое треба да се прескочи.
Правете она што ве исполнува и ќе видите, дека совршенството се наоѓа во тие мали работи. Совршенството значи, да не се потценуваш себеси, туку да го дадеш, она најдоброто од себе, без споредување со другите.
Уживајте во мали работи и ќе видите како вашето внатрешно битие расте, како станувате свесни за дарот на животот, приликите во односите, убавината на светот околу себе. Сите околности и сите прилики околу вас, без оглед дали се добри или лоши, тука се на вашиот животен пат, за да растете, бидејќи совршенството на крајот на краиштата е пат, а не цел.
by Рита
Leave a Reply