Ако се сакаш себеси, ќе и’ дозволиш на среќата да ти се приближи

Ќе престанеш ли сам на себе да си правиш сопки, ќе престанеш ли за себе да размислуваш најлошо, ќе престанеш ли да се грижиш што другите мислат за тебе?

Научи се, добро да се чувствуваш во својата кожа, бидејќи само така, секое утро, ќе го имаш оној внатрешниот резервоар на енергија и страст, со која ќе станеш и ќе тргнеш во правец, кој си го одредил да биде твоја цел.

Тоа е единствен начин, да одиш напред и покрај препреките, со кои се соочуваш на својот пат. Затоа, треба да се чувствуваш добро, да се предизвикаш самиот себе, на предизвиците, за кои си мислел дека не си подготвен и да го разбудиш, својот заспан и уморен дух и да се спротиставиш, на бројни стравови и сомнежи кои секојдневно те мачат.

Научи добро да се чувствуваш во својата кожа, бидејќи тоа е единствен начин, да ги збогатиш сите свои искуства и со сите свои чувства, да ја вдишеш новата димензија. Така само ќе ги имаш вистинските луѓе покрај себе, кога ќе забележат дека добро се чувствуваш и дека твојата позитивност, го чисти валканиот простор, па ќе посакаат да останат во твојата близина, а од друга страна тоа исто ќе ги истера, сите негативни луѓе.

Ако се сакаш себеси, ќе и’ дозволиш на среќата да ти се приближи. Тоа е единствена гаранција дека утрешниот ден, ќе биде добар каков и да е, тоа е единствената сигурност, дека на твојот пат кон успехот, нема да те предомисли разочарувањето и повредата на другите луѓе, бидејќи секогаш ќе останеш надвор од тоа.

Затоа научи се, добро да се чувствуваш во својата кожа, бидејќи од својот живот ќе направиш ремек- дело, носејќи најдобри одлуки и превземајќи најефикасни акции, кои при тоа создаваат и едно супер чувство.

Leave a Reply

Up ↑

%d