Кога некој се расправа со тебе, те понижува, ти дава совети, кои не си ги барал, кога некој смета дека си виновен за неговата болка, кога не те слушаат тебе, бескрајно зборувајќи само за себе, кога те споредуваат со другите луѓе, те игнорираат, осудуваат или ги исмејуваат твоите мисли и чувства…Застани се.
Диши длабоко и знај дека тоа е нивна болка, а не твоја. Тие не те познаваат тебе, туку своите илузии. Можеби им е тешко да сакаат. Можеби потврдата за својата вредност ја бараат надвор. Можеби ја заборавиле едноставната радост на постоењето. Можеби и го разбираш тоа. Можеби си бил таму каде што се сега тие.
Не се обидувај да ги промениш. Тие нема да се сменат. Не се обидувај да ги поправаш. Тие не бараат да се менуваат. Што повеќе ги притискаш, тие повеќе ќе те туркаат. Не се заплеткувај во нивната мрежа на страдање.
Биди јасен, дури и сочувствителен, без притисок. Нормално дека ќе бидат вознемирени. Нормално ќе бидат разочарани во тебе. Дај им слобода да бидат разочарани. Нормално е да те осудуваат. Нека бидат слободни во тоа.
Биди слободен во истражувањето на своите мисли и чувства! Дозволи си себе си тагување, лутина, сомнеж дека си виновен. Овие сите драгоцени енергии нека потечат низ тебе. Тие нема да влијаат на тебе, кога ќе им дозволиш слободно да се движат.
Во секој случај, оди по својот пат и дозволи им на другите да одат по својот. Не треба да им објаснуваш или да ги штитиш. Биди свој во тие тешки моменти. Не се бори со темнината: бидејќи каква и да е, таа нема никаква моќ. Само уклучи ја својата Светлина!
Џеф Фостер
Leave a Reply