Само еднаш се живее, но ако го правиш тоа како што треба, и еднаш е доволно

Секогаш некако се наоѓа време за приговарање, критизирање, барање влакно во јајцето, но, малку време наоѓа човек, за да се заблагодари на она, што е добро во неговиот живот.

Најдете време за добар живот, време да ги откриете чудата во светот околу вас. Многу има возбудливи активности, кои можете да ги превземете сега и да стекнете искуства, во кои можете да уживате и навистина, немате повеќе причини, ништо да чекате.

Кога велите, дека треба да се чекаат подобри времиња, тоа значи дека ништо нема да направите. Тогаш, што очекувате светот да ви даде, ако ништо во него не сте вложиле? Најдете време за убав живот, време да се борите за работи кои ги сакате, за соништата кои ве допреле.

Со негрижа, се’ ќе ви се лизне од рака. Колку работи можат да се случат, ако имате храброст да ги барате, ако верувате дека се можни, ако сметате, дека заслужувате подобро од она што имате?

Секогаш наоѓате време за работа, хоби, различни активности, па добро е да размислите малку, дека и за вашиот живот треба да се најде време, дека и на вашата душа и’ треба нешто убаво, од што ќе живее во темните ноќи.

Најдете време за едноставен живот, не трошете време во размислувања за спомените, за да не ве стигнат, кога ќе тргнете во создавање на нови спомени. Простете им на луѓето, работите и настаните кои ве повредиле, бидејќи осветата е тег, која во вашиот живот, ја одзема моќта, да создадете нешто вредно и да оставите траг во овој свет.

Кога ќе најдете време за себе, ќе сфатите колку е животот краток и нема повеќе, ни момент да трошите, на помалку вредни и помалку важни работи.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: