Да, јас стареам. Но, уживам во тој процес

Прекрасен текст на познатата американска глумица Шерон Стоун.

Да, јас стареам. Но, уживам во тој процес. Во првата половина од животот, твоето лице е она, со што си роден. Во втората половина- она што заслужуваш.

Интересно, но јас, не сфаќав дека сум привлечна, додека не го погледнав филмот ‘Ниски страсти’. Можете да се проколнувате себе си, за тоа, со што се занимававте во првата половина на својот живот, но, тоа не значи дека во другата половина, треба само да играте голф и да не правите ништо.

Не сакам да ги маскирам своите години. Само сакам да бидам жена која за своите години изгледа толку добро, колку е тоа можно. Кога имав 40 год, се заклучив во бањата, со боца вино и си реков себе си: ‘Нема да одам никаде, додека не се прифатам себе си, таква каква што сум. Немав среќа со најважните работи во животот. Немав среќа со здравјето и немав среќа со бракот, но ги зедов работите во свои раце и едноставно одлучив, да живеам понатаму.

Ми се допаѓа спокојно да стареам – тоа е мојата цел. Во 2001 година имав тежок мозочен удар, затоа, многу ми е позната алтернативата на мирното стареење. Крвта ми течеше во мозокот девет дена. Процентот на преживеани, по таков удар е многу мал, но некако успеав. Потоа, две години учев повторно да одам, зборувам и читам. После тоа, секој разговор за борите, ми се чини смешен.

Винстон Черчил еднаш рече: ‘Ако морате да поминете низ пекол, одете што е можно брзо’.

На земјата, никогаш нема да има потполн мир и спокојство. Но, тие можат да постојат во твојата глава. Кога ќе видиш, како твоите деца ќе пораснат, ќе дознаеш за животот и себе. Со 58 год, сфатив дека убавината доаѓа одвнатре. За да бидеш убава, треба да правиш она што сакаш да правиш и тоа да го правиш секој ден. Јас сега, сакам да танцувам и тоа го правам до исцрпеност.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: