Само вклучи ја својата светлина

Што значи да се засакаш себе? Тоа значи, да се разбудиш наутро и повеќе да не мислиш за тоа, дека во светот постои некој посреќен, поубав, попаметен, помудар, подобар. Тоа значи, да се гледаш себе си во огледало и да не сакаш, да го напуштиш својот одраз. Да му веруваш.

Не е важно дали е со шминка или без неа, не е важно, ни твоето расположение…Верувај, во она што свети и гори во твоето срце. Да не чекаш ништо и никој, ни љубов ни внимание!

Дозволи си себе да бидеш среќен денес, сега. Гледајќи ги право во очи минувачите, без да го спуштиш погледот на асфалтот. Радувај се, на секој успех на блиските, далечните, оние кои заминале, заборавените луѓе.

Да се радуваш на тоа што се живи, дишат, постигнуваат, добиваат. Затоа што нивниот успех, ни малку не го намалува, оганот што е во тебе. Ти не си помалку убава. Ти не си ни помалку сакана и заштитена. Бидејќи имаш срце големо, да можеш да го сместиш и нивниот успех во себе.

Што значи да се засакаш себе? Повеќе да не се жалиш на животните потешкотии. Да ги засакаш дури и тие тешкотии. Со насмевка и хумор, да ја пресретнуваш секоја препрека, сфаќајќи дека зад сето тоа стои, голема сила и трпение.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading