Ако ги измениме нашите мисли, светот околу нас самиот ќе се смени

За секоја едноставна работа, ние доаѓаме во судир со самите себе. Се грижиме, дали правиме нешто погрешно. А всушност никој не знае дали прави правилно или погрешно. Можете ли тоа да го знаете 100%?

До самиот крај на животот, можеби нема да можете да знаете, дали нешто ќе направите погрешно или правилно. Значи, не се грижете премногу, само запрашајте се- дали тоа носи добро за мене и на сите околу мене? Тоа е вашата грижа.

Луѓето кои мислат дека се секогаш во право се грозни луѓе, тирани. Не треба да правите правилни работи, треба само да бидете малку повеќе човечко суштество. Само грижете се, да правите добро за вас и луѓето околу вас. Тоа е се’.

Кој одлучува дали е правилно или погрешно? Ако носи добро на сите, тогаш е правилна работа, зарем не? Наместо да се грижите за тоа, разбудете ја човечноста во себе.

Животинската природа значи поставување на граници. Човечката природа значи ширење, вуклучување на сите, во своите граници, бидејќи тоа е природен човечки стремеж. Секогаш сакаме да биде нешто повеќе, поради што? Поради тоа што нашата човечка интелигенција, дојде до точка, каде не сака ограничувања.

Сака да се прошири. Ако сме уверени дека се’ правиме правилно, ќе ни се чини дека сите други прават погрешно. Животот не е во правилното, туку во волјата.

Колку далеку ќе стигнам, што ќе се случи? Тоа зависи од вашата интелигенција, способностите и времето во кое живееме. Што и да правите, правете го тоа со страст, со волја. Прифатете се себе си. Секој во нешто греши. Ако сите не се во право, единствено вие сте во право, тоа е знак на лудило. Тоа не е знак дека сте во право.

Не го трошете времето за проценка на правилните и погрешните одлуки. Кога вашиот ум е урамнотежен, бистар и среќни сте, а не фрустрирани, тогаш донесете одлука, посветете се на тоа и нешто прекрасно ќе се случи. Можеби не правите исправна работа, но, можеби правите сјајна, прекрасна работа. А тоа е доволно добро.

Sadhguru

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: