Жените се создадени за да бидат сакани, а не да бидат сфатени

Мажот, кој ќе види во жената нешто, за што ни сама уште не е свесна. Некој, кој ќе и даде потполна слобода, но не и себе- до крај, како што нема да бара ни од неа, да му се предаде до крај. Секоја жена треба да има некој, кој нема да ја фали пред пријателите, насилно да ја менува, да и’ нуди брак, да ја присвојува само за себе.

Не, туку некој дискретен и самоуверен, некој кој совршено владее со себе, точно знае што сака, а и знае да го препознае моментот. Некој покрај кој ќе се чувствува живо, разбудено, присутно. Некој кој ќе ја извлече од нејзините проблеми, стравови и кој ќе и помогне да воспостави рамнотежа со себе.

Жената треба да има учител за убавина, кој ќе ја сака и ќе ја разбуди убавината во неа. Вистинската таа, отмената таа, поинаква таа, посебна таа.. Во нивните заеднички моменти, нема изгубено време, се’ е смислено, се’ е стимуланс и се’ што се прави, раѓа еден увид за животот и љубовта.

Како совршено уиграни глумци на сцена, маж и жена, кои цело време знаат како се чувствува оној другиот. Мажот, нема да ја води на скапи вечери, нема да ја импресионира со брзината на својот автомобил, нема да и’ се фали со бројни познанства, само ќе ја сака, ќе сака се’ нејзино.

Во негово присуство ќе паднат сите нејзини маски и фолирања, ќе се чувствува како повторно родена. Без потреба да биде она, што не е и да му зборува она, што тој сака да слушне. Ќе пушти да ја игра својата игра, не барајќи од неа, ништо повеќе од она што е подготвена да му понуди.

Мажот кој нема да копа по нејзиното минато, нема да се меша во нејзината иднина, нема да го скратува нејзиниот телефонски именик и да ја продолжува, должината на нејзината сукња. Не, тој ќе ја сака со допир и поглед кој ослободува, ќе дозволи да се расцвета покрај него.

Него нема да му биде целта да се истакне себе, поради себе, туку неговата појава ќе го буди најубавото во неа. Она што отсекогаш посакувала да почувствува покрај некој. Сила, доверба, спонтаност, храброст, убавина, ум. Ќе ја разбуди нејзината фантазија, соништа, ќе ја врати таму, каде што беше најсреќна- во годините на раната младост, каде сите препреки ги поминуваше со леснина.

Мажот нема да и ветува, кули и градови, само ќе го одигра својот најубав танц, без да поставува услови и повикување на вечна верност. Ќе живеат во ова сега, за ова сега, а не за некое непостоечко утре или заборавено вчера.

Прв пат ќе биде во друштво на некој, а да е така блиску до себе. За прв пат, нема да мора да се грижи за некој, а ќе се чувствува прифатено и сакано. Само затоа што тој е првиот, кој ја прифатил таква каква што е…Само затоа што покрај него, по прв пат и сама се почувствува како жена.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: