Kолкава е среќа, само да се живее

Интерсен разговор на студентот Ајнштајн, со неговиот професор.

Професор: Ти си Христијанин, така?

Студент: Да, господине

Професор: Значи, веруваш во Бог?

Студент: Секако

Професор: Дали е Бог моќен?

Студент: Да

Професор: Мојот брат умре од рак, иако го молеше Бог, да го излечи. Многумина од нас, ќе им поможат на болните. Но, Бог не. Како тогаш е добар? (Студентот ништо не одговори)

Професор: Немаш одговор, зарем не? Да почнеме тогаш од почеток, млад човеку. Дало е Бог добар?

Студент: Да

Професор: Дали ѓаволот е добар?

Студент: Не

Професор: Од каде доаѓа ѓаволот?

Студент: Од…Бог..

Професор: Така е. Па, кажи ми дали постои зло во светот?

Студент: Да

Професор: Злото е насекаде, зарем не? И Бог се’ создал. Точно?

Студент: Да

Професор: Тогаш, кој го создал злото? (Студентот не одговорил)

Професор: Постои ли болест? Неморал? Омраза? Неубаво, грдо? Сите тие ужасни работи постојат во светот, зарем не?

Студент: Да

Професор: Па кој ги создал? (Студентот не одговорил)

Професор: Науката вели дека имаме пет сетила, со кои го набљудуваме и доживуваме светот околу себе. Кажи ми, дали некогаш си го видел Бог?

Студент: Не

Професор: Дали си го слушнал?

Студент: Не

Професор: Дали некогаш си го допрел Бог, си го вкусил, намирисал? Дали на било кој начин го почувствува Бог?

Студент: Не, не сум.

Професор: А дали сепак веруваш во Него?

Студент: Да

Професор: Па, според сите емпириски и научни показатели, Бог не постои. Што велиш на тоа?

Студент: Ништо. Само верувам.

Професор: Да, вера. Тоа е проблемот на науката.

Студент: Професоре, дали постои топлина?

Професор: Да

Студент: А дали постои ладно?

Професор: Да

Студент: Не, не постои.

Студент: Професоре, постојат многу облици на топлина, жештина, врело, многу жештина, бела жештина, мала жештина или не жештина. Но, не постои ладно. Можеме да измериме до 458 степени под нулата, но понатаму од тоа не, бидејќи не постои ладно. Ладно е само збор со кој се опишува недостаток на топлина. Ладното не можеме да го измериме. Жешкото е енергија. Ладното не е нешто спротивно од жештина, туку нејзино отсуство.

Студент: А што е со темнината? Постои ли темнина?

Професор: Да. Што би била ноќта без темнина?

Студент: Повторно грешите. Темнината е отсуство на нешто. Можете да имате слабо, нормално и јако светло. Но, ако немате светло, тогаш немате ништо и тоа тогаш, не го нарекуваме темнина, зарем не? Всушност, мракот го нема. Кога би постоел, можеме да го направиме по мрачен, зарем не?

Професор: Што сакаш да кажеш, млад човеку?

Студент: Вашата филозофска премиса е неточна.

Професор: Како? Можеш ли да објасниш?

Студент: Па вие тргнувате со премиса на дуалност. Тврдите дека постои живот и постои смрт, дека постои добар Бог и лош Бог. Мислите дека концептот на Бог е нешто конечно, нешто мерливо. Но, науката никогаш не може да ја измери мислата. Знае за електрицитет и магнетизам, но ние никогаш не сме ги виделе, а уште помалку, потполно да ги разбераме. Да се смета дека смртта е спротивно од живот, би значело да се занемари фактот, дека смртта не може да постои сама за себе. Смртта не е спротивна на животот, туку отсуство на живот. Кажете ми, професоре, дали ги учите своите студенти, дека луѓето потекнуваат од мајмуни?

Професор: Ако мислиш на теоријата на еволуцијата, да.

Студент: Дали некогаш сте ја виделе еволуцијата со сопствени очи? (Професорот се насмеа и замавна со главата, сфаќајќи на што студентот цели)

Студент: Бидејќи никој не го видел, самиот процес на еволуција на дело, не можеме да заклучиме дека тогаш и постои. Значи ли тоа, дека Вие, предавате свои ставови и мислење? Не сте, тогаш проповедник?

Студент: Дали некој во оваа училница, го видел мозокот на професорот? Го допрел? Намирисал? Слушнал? Никој. Значи по сите емпириски и научни показатели, Вие немате мозок. Па, како тогаш да им веруваме на вашите предавања?

Професор: Па, ми се чини, млад човеку, дека ќе мора да ми верувате.

Студент: Токму така! Врската меѓу човекот и Бог е Вера. Тоа е она што движи се’ во Универзумот.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: