Никој не може да направи да се чувствувате инфериорно, без ваша дозвола

Ако премногу се грижите што луѓето мислат за вас, никогаш нема да го почувствувате она исконско чувство на слобода, кое е запишано, во секоја станица на нашето тело, а со тоа и цела лепеза, на оние прекрасни чувства кои од него произлегуваат.

Никогаш нема да ги пронајдеме вистинските причини за својата среќа, бидејќи секогаш ќе се мотаме околу среќата на другиот, која всушност и не е вистинска среќа. Премногу грижејќи се за тоа што луѓето мислат за нас, се зголемува внатрешниот расцеп, очајнички ќе сакаме да бидеме сакани, а ќе се задоволуваме со ронки од туѓото внимание, со мисла дека со тоа, таа своја потреба ќе ја задоволиме.

Од друга страна нема да имаме сила, вистински да сакаме друг, бидејќи животот ќе ни се сведе на очекувања, предрасуди, претворање, залажување, наместо да бидеме она што сме, бидејќи само така, можеме да ги искажеме своите вистински чувства.

Со премногу грижа за тоа што луѓето мислат за нас, ќе престанеме да ја бараме убавината на животот, во светот околу нас и ќе се затвориме во нашите ментални светови, кои ќе не’ притискаат со работи за кои не сакаме да мислиме, ќе ги заробиме со навики кои не сакаме да ги имаме, ќе се окупираме со безначајни работи.

Наместо да го живееме животот, да уживаме во светот околу себе, ќе почнеме се’ да гледаме со страв и сомнеж. Новиот почеток е секаде ист, едноставно, да се свртиш и да си заминеш. Да им посакаш на луѓето среќа и да почниш, да го градиш својот мал свет.

Но, потребна е голема доза храброст, да се излезе од маѓепсан круг, во кој доброволно се согласивме да влеземе и да започнеме да живееме поинаков живот. Живот во кој се свртуваш кон работите кои ти ја ранат душата, а не ја празнат, на луѓето кои ти се инспирација а не мака.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: