Успехот не е клуч за среќа. Среќата е клуч за успех

Граница е невидлива црта, со која, околу себе ја бележиме заштитната обвивка. Таа го ограничува нашиот личен простор, исполнет со потреби и желби и чувства, кои ни се важни. Ја цртаме смело и со сигурна рака, ако се почитуваме самите себе.

Границата служи, за да разликуваме, што ние сме и сакаме, од она што другите од нас сакаат. Нема ништо лошо во тоа, нашата граница да биде еластична- да ги менува своите линии кога е потребно, не загрозувајќи ја при тоа, внатрешната содржина. Од еластичната граница, ќе почувствуваме, што некој сака од нас, ќе провериме дали можеме да се ускладиме, да одлучиме што ќе пуштиме внатре, а на што ќе речеме не.

Премногу крути граници, стануваат високи ѕидови, на кои, како на ладни карпи, ќе се скршат намерите на другите, па и на добронамерни обиди на зближување и поврзување. Крутите граници, создадени се и од агресивно однесување, одбојни се и не’ водат во изолација.

Во внатрешноста на високите и крути ѕидови, стануваме заробеници на сопствените стравови, осамени души, кои ја исклучуваат приликата за развој, кон исполнет живот. Ако не знаеме да ја браниме својата граница, нашиот внатрешен простор ќе се истуши како балон, а собраната внатрешност, другите можат лесно да ја развлекуваат по сопствена волја.

Неприметно, можеби и ненамерно, ќе навлеземе во туѓите граници. Тоа не е добро, бидејќи границите не служат за да контролираме некој. Да се прекорачи туѓа граница, сугерира, дека нешто не е во ред со нашата сопствена. Кога во себе имаме доволно самопочит, ќе имаме и кон другите. Ако го почитуваме својот внатрешен простор и ги препознаеме своите вредности, нема да имаме потреба да го узурпираме туѓиот простор.

За одржување на границата сами сме одговорни. Својата граница ја одржуваме здрава, познавајќи се себе и своите желби, со реално согледување на секојдневието, почитување на другите, јасна комуникација и упорност со која, тоа го правиме.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading