Ако не можете да добиете чудо, станете чудо

Често слушаме дека Бог не допушта искушение кое ги надминува нашите сили. Дали е тоа баш така? Ако е така, тогаш зошто паѓаме? Дали затоа што изгледа дека го сакаме гревот повеќе од Бог, или нешто друго е во прашање? Се чувствува потребата и ова тврдење, што често го слушаме, правилно да се објасни.

Падот во искушение, на оние што мислат дека се наоѓаат на првиот степен од духовниот раст – ’очистување на срцето од страстите‘, кои инаку се трудат во подвигот, најчесто се случува од две заемно поврзани причини: прво, не се наоѓаат под духовно раководство, односно пробуваат да се самораководат во духовниот живот, или пак кријат нешто од духовниот отец; и второ, немаат духовен опит, односно пребиваат во незнаење. Накратко, паѓаат поради не- правилен духовен подвиг.

Каде и да одиме и што и да правиме, сѐ додека сме на првиот степен од духовниот развој, многу ретко ќе се остваруваат нашите главни планови и замисли, заштo најчесто нема да бидат во согласност со Божјиот план и промисла за наше спасение. Тешко, пак, на оние чиј план ќе се оствари на неправеден начин, ако не се покајат.

Дури на вториот степен од духовниот развој – ’просветлување на умот‘, нашите главни планови често ќе се совпаѓаат и со Божјите планови, иако не секогаш во она време што ние го очекуваме. Затоа, на оној што Му бла- годари на Бог за сѐ, ќе му се даде и ќе му се преу- множи; а на оној што не Му благодари, ќе му се земе и она што го има (види: Матеј 13, 12). Спротивно од благодарење е хулење на Бог, средина нема – не чи- таме во Евангелието дека ќе му се земе само по- ловина од она што го има.

Животот не е лесен. Затоа и треба да се живее: нема среќа во лесните победи. А кога ќе се живее, бидејќи е исполнет со страдања и бол (за да се заслужи Вечниот живот), треба да се прави само она што е тешко, а не она што е лесно и што секој ден можеме да го направиме. А да се направи она што е тешко е подвиг.

Така, темелен збор за животот станува зборот – подвиг. Нема живот без подвиг, и за монасите и за мир- јаните, а тоа значи, нема живот без бол и страдање. Затоа, престанете да кукате, и ведро, со Божја радост во срцето – напред – по патот на сопственото бого- подопствување и подвигување, кој колку може и кој до каде ќе стигне!

извор: Премин портал

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: