Моќта на заминувањето

Многу луѓе, чувствуваат обврска, да го даваат своето време и енергија на другите. Можеби чувствуваат дека мора да се докажат или имаат интензивна желба да им се допаднат на другите. Но, проблемот е во тоа што нивната претерана грижа, за мислењето на другите луѓе, води кон тоа, да станат слуги на другите.

Некои луѓе, не ги почитуваат границите, некои бараат многу внимание, некои искористуваат. Заминувањето, можеби се чини како непристоен чин, но, понекогаш е нужен, за да ја вратите својата моќ во некоја ситуација. Во текот на животот, ќе се сретнете со различни луѓе. Некои од нив не ги почитуваат границите на другите. Некои се наметливи и бараат многу внимание и време од другите луѓе. А некои едноставно, ги искористуваат другите.

Моќта на заминувањето има два големи збора. Првиот збор е Не. А другиот е смер. Ако откриете дека трошите многу време на хировите на другите луѓе или уште полошо, ако ве искористуваат и се однесуваат лошо кон вас, можно е, дека имате потешкотии со изговарање на зборот Не и не сте сосем сигурни, во кој смер вашиот живот оди и поради тоа, немате цврст став.

Немате ли цврст став, на другите им е лесно да ве ‘фатат’ во нивните афери. Кога луѓето ќе почувствуваат, дека немате цврст став, на пример, посветеност на некоја лична цел или вашето време, го гледаат како помалку вредно, отколку нивното, тогаш тие подразбираат дека треба да завршувате нешто за нив, наместо за себе.

Но, кога сте насочени кон остварување на својата цел, тоа покажува дека го вреднувате своето време и со тоа, својот живот. Луѓето тогаш сфаќаат, дека вашето време и активност се поважни од служењето со нив. Освен тоа, кога имате своја цел, лесно е да си заминете, во ситуации, во кои луѓето не ги почитуваат вашите граници или ве искористуваат во работен, пријателски и љубовен однос.

Кога сте насочени на себе, не ви е потребно одобрување на другите, бидејќи постои само една личност, на која треба да и’ се докажувате- тоа сте вие. Заминувањето од луѓето склони на искористување и нездрава околина, го чува вашето самопочитување и интегритет. Исто така, му покажува на светот, за што сте се одлучиле. Им покажува на вашите пријатели, членовите на семејството и на партнетот дека, иако ги сакате, не зависите од нив и нема да останете покрај нив, кога ќе ги преминат вашите граници.

Избегнувањето на ситуации во кои не ве почитуваат, создава состојба на избоилство во вашиот им. Дури и ако немате многу пари, имот или пријатели, покажувате дека сте сосем задоволни. Сакајте ги луѓето, но, не ги требајте. Подготвеноста да си заминете е една од вашите најаки квалитети за преговарање, бидејќи како и да е, вие победувате.

Извор: Sensa

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: