Ако не можете да правите големи работи, правете ги малите со голема љубов

Не мораш да им наштетиш на оние кои те повредиле. Знак на зрелост е да си одиш, наместо да се одмаздуваш. Енергијата која ја вложуваш, кога реагираш, на секоја лоша работа која ќе ти се случи, ќе те испразни и нема да можеш да ги видиш и другите добри работи во животот.

Не треба да се биде сечија шоља чај и нема кон тебе, сите да се однесуваат како ти кон нив- и тоа е во ред. Не мора да го освојуваш секој. Тоа е губење време и енергија, што те исполнува само со празнина.

Кога не реагираш, тоа не значи дека се сложуваш, тоа само значи дека одлучи, да се издигнеш над тоа. Да ја прифатиш лекцијата и да учиш од неа. Одбираш да бидеш попаметен. Го бираш својот душевен мир, бидејќи е тоа, она што навистина ни треба. Не ти треба повеќе драма. Не ти требаат такви луѓе, поради кои се чувствуваш, дека не си доволно добар или добра. Не ти требаат расправии ни аргументи, ниту лажни врски.

Понекогаш кога нема да кажеш ништо, всушност се’ е кажано. Со реагирање на тоа, што те вознемирува, му даваш на некој моќ над твоите емоции. Не можеш да контролираш што другите прават, но можеш да контролираш како реагираш, како се носиш со тоа, како тоа го перципираш и колку тоа сакаш, да го сфатиш лично.

Овие ситуации не зборуваат ништо за тебе, туку многу повеќе за другата личност. Можеби сите разочарувања се тука, да те научат како да се сакаш себе си, бидејќи тоа ќе биде оклоп и штит, кои ти се потребни против луѓето, кои се обидуваат да те срушат. Тоа ќе те спаси, кога другите се обидуваат да ја разнишаат твојата самодоверба или кога ќе се обидат да се чувствуваш безвредно.

Дури и ако реагираш, тоа ништо нема да смени, нема одеднаш луѓето да те сакаат и почитуваат, нема магично да го променат своето мислење. Понекогаш е подобро да се препуштиш на работите, да ги пуштиш луѓето да одат, да не се бориш за разрешување, без прашање за објаснување, да не трчаш по одговори и да не очекуваш, другите да разберат од каде доаѓаш.

Подобро да се живее живот, во кој, не се фокусираш на она што се случува околу тебе, туку на она што се случува во тебе. Работи на себе и својот внатрешен мир и ќе сфатиш, дека Не реагирање на секоја ситница која те мачи е првата состојка за среќен и здрав живот.

Секогаш направете се’ што можете. Под било кои околности, секогаш направете се’ што можете. Ништо помалку и ништо повеќе. Имајте на ум, дека она што можете да направите, нема да биде исто во секој момент. Кога наутро ќе се разбудите, освежени и полни со сила, можете работите најдобро да ги направите, отколку она што можете ноќе, кога сте уморни.

Најдобро што можете да направите, ќе се разликува кога сте здрави и кога сте болни или трезни, односно пијани. Најдобро што можете да направите ќе зависи од тоа, дали се чувствувате прекрасно и среќно, или сте вознемирени, лути или љубоморни.

Ако се трудите да направите повеќе од она што можете, ќе потрошите повеќе енергија, отколку што е неопходно и на крај, тоа нема да биде доволно добро. Кога премногу се напнувате, го ослабувате своето тело и правите против себе и тогаш, ќе ви треба повеќе време да ја постигнете целта.

Но, ако правите помалку од она што можете, се изложувате себе си на фрустрации, самоосудување, чувство на вина и каење. Ако секогаш давате се’ од себе, никогаш нема да мора да се окривувате себе, а во спротивно никогаш не мора да страдате и нема да се казнувате.

Ако правите се’ што можете, ќе живеете со полни гради. Ќе бидете продуктивни, ќе бидете добри кон себе, поради тоа што ќе давате се’ од себе.

Активност е она што ќе ве направи многу среќни. Кога правите се’ што можете, вие сте во акција. Да правите се’ што можете, значи дека го правите, тоа што го сакате, а не затоа што очекувате награда. Наградата ќе дојде, но вие не се врзувајте за награда. Ќе добиете и повеќе од она што се надевате, ако не очекувате награда. Ако го сакаме тоа што го работиме, ако секогаш правиме се’ што можеме, тогаш навистина уживаме во животот. Добро се забавуваме, не ни е досадно и не доживуваме стресови.

Правите се’ што можете, бидејќи, така сакате, а не поради тоа што така морате и не поради тоа, што се обидувате да ги задоволите другите. Ако нешто правите, поради тоа што сте принудени, никогаш нема да бидете во состојба, да дадете се’ од себе. Тогаш е подобро, воопшто да не го правите. Наместо тоа, вие ќе правите се’ што можете.

Тоа што секогаш правите се’ што можете, ве прави среќни. Да бидеш активен значи, да живееш полн живот. Да го покажете своето вистинско лице, значи да стапите во акција. Можете да имате многу идеи во својата глава, но она што ги менува работите е акција. Без спроведување на идеи во дело, не може да има ни манифестација, ни резултат, ни награда.

Да правите се’ што можете, е прекрасна навика. Правото да бидете среќни, е право кое го стекнуваме со раѓање. Со раѓањето стекнувте и право да сакате, уживате и да ја делите со некој и својата љубов. Живи сте, само живејте го својот живот и уживајте во него.

Не се опирајте на тоа дека животот ве ‘кине’. Кажете Не кога сакате да кажете Не и кажете кога сакате Да. Имате право да бидете она што сте. Вие ја изразувате својата божествена природа, со самото тоа што живеете и се сакате себе и другите.

Дон Мигуел Руиз

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: