Ако сте родени без крила, немојте да ги спречувате да растат

Не може ниедно човечко суштество, да даде она што не примил. Она што не усвоил. Она што не носи во себе. Само тоа што има, може да даде.

Личноста која повредува значи дека е повредена. Личноста која мрази, значи дека омразата ја почувствувала на своја кожа. Личноста која радост сее, радост негде жнеела. Личноста која само се жали, доживеала да ја жалат. Личноста која шири љубов, значи дека е во љубов, барем еднаш искапена.

Затоа знајте, додека човекот не стане свесен, за теретот кој го носи, што и да е, ќе го држи во себе и понатаму. Не затоа што е лош човек, туку затоа што бил повреден длабоко во себе.

Кога некој ќе ни стави ‘нож во грбот’, никогаш не се прашуваме од каде тој ‘нож’ дошол? Се грижиме за својата рана, не сфаќајќи дека насилникот трпел насилство и тој ‘нож’ од својот грб го извадил. Во надеж, дека него така ќе му помине. Од страв да не добие нов нож. Од незнаење дека може поинаку, ќе направи како што му направиле. Ќе ја проследи болката во надеж, дека неговата ќе исчезне и дека минатото ќе се избрише.

Како тогаш можеме да бидеме лути, гневни и полни со недоразбирање кон насилникот, чија рана е инфицирана и кој не почувствувал каков мелем се топли очи, меко срце и човек, кој не го осудува. Разбери, лесно е да судиш. Прости, не замерувај. Од каде да знаеш какви се тие рани и тие ‘ножеви’? Со тој терет и ти не би знаел подобро.

Blogdan

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: