Ако ја имате вистинска љубов покрај вас, значи дека го имате најдоброто искуство на најчиста љубов, на која едноставно не може да и’ дозволите да се изгуби.
Меѓутоа, понекогаш, луѓето знаат да станат многу горди и безобразни во некој момент, без никаква посебна причина. Потребата за доминација или дури конкуренција, често создава голема збрка во љубовниот однос.
Кога нешто ќе се скрши, тешко се поправа, но сепак, тие кои никогаш не се откажуваат, се оние кои навистина сакаат. Понекогаш, повторното соединување и оживување на љубовта, може да донесе нов однос, на цело ново ниво. Ако сте во таква ситуација, кога имате прилика да му се вратите на својата жена и да ги поправите работите- не губете време и побрзајте!
Жената која навистина ве сака и се грижи за вас, ќе ви даде многу шанси да се промените, да се развивате и да станете своја најдобра верзија. Таа ќе го потикне својот потенцијал и ќе ви покаже, дека навистина вреди да се сака. Нема да се откаже, ако не и’ покажете дека тоа и за вас е единствена вистинска одлука.
Многу мажи, сакаат да ги тестираат границите и да ја задржат својата гордост или лажно достоинство, но на крајот, се соочуваат со болната стварност- тие ги губат своите сакани жени. Во еден момент, врската доаѓа до точка на вриење и сигурно таа ќе сфати, дека тој маж не е вистинскиот за неа.
Ова е точка, во која почнувате да ги гледате работите со различни очи. Многу мажи страдаат од големи каења, бидејќи гледаат дека никој друг, барем не во кратко време, нема да може да им даде задоволство, топлина и сигурност, како љубовта што веќе ја пропуштиле.
Заради тоа, ако сте во таква ситуација, почнете нешто веднаш! Не треба да побегнете, но, треба потполно да се фокусирате, на она што навистина важи- покажувајќи ги вашите емоции и отворајќи ги сите карти. Покажете ја својата душа, покажете ја потполно гола, пред таа жена, нема што да изгубите!
Некогаш, порано или подоцна ќе мора тоа да го направите, ако сакате да ја споите својата душа со друга личност и да создадете врска, која ќе трае цел живот. Значи, не бегајте- тоа е решението- да ја искористите својата шанса и да вложите, во најубавата работа на светот – Љубов.
Извор: novipocetak
Leave a Reply