Не посакувајте, во вашиот живот, се’ да биде едноставно. Одлучете само, дека треба да биде подобар. Не молете се, се’ да биде лесно дадено. Молете се, да се појават можности, за да станете помудари. Животот е непредвидлив и преставува низа од промени.
Секој од нас има мислење, со кое избира однесување, во дадена ситуација, а изборот ги определува резултатот. Се плашиме од промени. Но, нашата судбина е во нашите раце. Ние одлучуваме кои ќе бидеме, а кои- не.
Тоа е наш живот, наше мислење и наш избор. Животот е цикличен. Како годишните времиња. Во него постојат добри и лоши фази. И тука, ништо не може да се направи. Во нашиот живот постојат ‘зими’, кога не знаеме што треба да правиме понатаму. Кога ни се чини дека се’ е наопаку.
Таа ‘зима’, може да биде поврзана со финансии, работа, приватен живот или било која друга сфера. Во такви моменти, се чувствуваме многу разочарани. ‘Зимата’ не може да се избегне, но, може да се научи, како да се преживеат потешкотиите со минимум губиток за себе. Треба да се научи, како да се преживеат своите ‘зими’, бидејќи тие носат нова можност. Тоа било, Е и ќе биде.
Не можете да се ослободите од ‘јануар’, со вртење на лист од календарот. Треба најмногу од се’, да станете подобри, појаки и помудри. Запомнете го ова. Само со менување на себе си, можете да ги премостите препреките и да го смените својот живот.
Ако силно посакувате лето во зима, треба да знаете дека во животот не е се’ едноставно. Само не престанувајте, да се обидувате, да бидете подобари за себе.
by Рита
Leave a Reply