Читајте меѓу редови, таму секогаш најмногу пишува

Гордоста е, спрега меѓу здравото чувство на сопствената вредност и цврстото сознание- кој сум јас. Кога можеме реално, да се процениме себеси и својата вредност, чувствуваме тивко задоволство поради подршката на сопствената внатрешна сила. Не е потребно, другите да ни се воодушевуваат, не бараме пофалби за своите достигнувања, не ја нагласуваме својата посебност, туку смирено ја покажуваме својата посебност со своите дела.

Гордоста не’ зацврстува и ни помага, низ животот да поминуваме без неодлучност и сомнеж, со храброст да се соочиме со секој предизвик. Сами од себе бараме правилно однесување и задоволни сме, кога даваме отпор на било кое искушение.

Вистинската гордост ги мотивира и ги инспирира другите, бидејќи ги дели своите успеси и се весели на напредокот на другите. Но, ако чувството на сопствената вредност е разнишан, а со однесувањето управуваат стравовите, гордоста станува штит, со која се брани ранливата внатрешност.

Привидот за внатрешната сила, квалитетите и добрината се преувелучуваат, а површните вредности, слабо го прикриваат внатрешниот страв и незадоволство. Пред другите ќе заиграме паунов танц, зависни од одобрувањето кое доаѓа однадвор. Но, со тоа нема да постигнеме многу.

Привидната гордост не одвојува нас од другите, бидејќи не можеме да побараме помош, не можеме да признаеме дека сме погрешиле и не можеме да замолиме да ни се прости. Во најлош случај, таа привидна гордост се храни така што ги ‘смалува’ другите, ги присвојува нивните успеси, ги оцрнува и критизира, бидејќи кога другите околу него се малечки, тогаш тој може да биде голем.

Тоа е опасен отров кој го труе срцето. А најдобриот лек за несреќното срце е љубов- но најпрво љубов и сочувство кон себе. Од таа цврста точка на подршка можеме да ја развиеме, вистинска внатрешна сила и вистинска гордост!

Сенка Љубиќ

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading