Не можат луѓето да ти земат, колку што Бог може да ти даде

Ништо во животот не е случајно! Колку и да изгледа неверојатно, постои некоја космичка сила, која секоја нова средба, ни ја носи со важна причина, без оглед, дали е во прашање негативна или позитивна манифестација.

Секоја личност, која ќе ја сретнеме, има влијание на нас и на нашиот живот. Некој за нас има огромно значење и потполно го менува нашиот живот, а некој е неприметен, но, сепак многу важен. Сите наши контакти и средби се одраз на нашата космичка комуникација, бидејќи не’ спојува заедничкиот дух.

Еве, со кои личности, креирате 7 различни космички комуникации во својот живот.

Луѓето кои ве повредиле. Во животот, со нив, ќе ги сретнете повеќе пати: луѓе кои ќе предизвикаат болка и страдање. Тешко е да се поверува, но, сите тие тестови, едноставно се добри за вас. Додека не го искусите таквото искуство, вашата душа не може да ги разбере другите луѓе. Како велат: ‘За да го разберете некој, треба да ги облечете неговите чевли и да тргнете по неговиот пат’.

Оние кои мораат да ве научат важна лекција. Тоа се луѓе, кои по правило се појавуваат одеднаш и неочекувано. И на ист начин- исчезнуваат. Имаат посебна мисија: да помогнат да разберете нешто многу важно. Она со што ние сами не можеме да се носиме. Тие се наоѓаат на нашиот пат на просветлувањето. Нашата душа да биде подобра и почиста. Затоа не бидете тажни кога луѓето ќе исчезнат: тие едноставно ја извршиле својата задача.

Оние кои не’ учат да простиме. Овој ден, во вашиот живот сигурно ќе дојде: кога ќе сфатите дека лутината, бесот и иритацијата- не носи ништо, освен стрес и лошо здравје. Многу висока цена плаќаме, за тоа што не знаеме, да ги канализираме негативните емоции. Затоа еден ден, во нашиот живот треба да се појават луѓе, кои ќе не’ научат како да простиме, како да не и’ се препуштиме на болката и лутината. Вашата душа ќе се преобрази, иако најверојатно нема да бидете свесни како таа промена се случила.

Оние кои не не’ пуштаат да залутаме. Животот понекогаш е многу компликуван и збунувачки. Не разбираме каде понатаму, искушението е големо, за да се тргнеме од патот. Во тој момент се појавува личност, која ќе не’ потсети на нашите соништа и вистинските цели. Ќе сфатиме, дека единствена вредна насока е нашата душа. Никогаш нема да не’ изневери или измами.

Оние кои ја одржуваат нашата врска со Космосот. Најверојатно нема да го забележите ни состанокот со нив. Ќе биде лежерно и кратко, но ќе остави многу длабока трага во душата. Ќе поминете со часови во разговор, ќе ги делите своите најдрагоцени мисли и идеи со тие луѓе, чувствувајќи дека ве подржуваат и разбираат. Нема навистина да ги препознаете, но тоа не е неопходно. Нивната мисија е, да ви помогнат да се откриете себе. Тие ќе ви помогнат, да го сфатите најважното- која е вашата животна цел.

Оние кои не’ мотивираат, да растеме и да се развиваме. Тие луѓе ненаметливо, но упорно ќе ве ‘извлечат’ од школката на пријатност, за да се развивате и да растете како личност. Почнувате јасно да ги артикулирате своите животни цели и приоритети, станувате одлучни и поупорни. По правило, тие се појавуваат во животот, кога ќе паднеме во очај и ќе се најдеме на раскрсница.

Оние кои остануваат со нас засекогаш. Низ својот живот, ќе сретнеме многу луѓе, но, само неколку остануваат со нас. Колку и да е навредливо, повеќе средби, за жал, се завршуваат со разделби. Тоа е живот- така требало да биде. Но, за среќа, ќе има и такви луѓе кои засекогаш ќе останат со нас. Тоа се нашите најмили, пријатели и членови на нашето семејство. Луѓе со кои ќе се прошетаме до крај. Луѓе, благодарение на кои, секогаш ќе бидеме во контакт со Космосот.

Извот: Lovesensa

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: