Најгорчливата болка е кога ќе сфатиме, дека ние сме единствената причина за сите наши неволји

Секој пат кога мислиме или зборуваме, ние произведуваме хемикалии, кои патуваат низ цело наше тело. Навистина нема поента- долг живот, ако не научиме да го прифатиме фактот, дека сме одговорни за нашето здравје или негов недостаток.

Храната која ја конзумираме, вежбите кои ги правиме и најважно, Мислите кои ги имаме во главата- e нашата ментална атмосфера и се’ тоа, допринесува за нашата здравствена состојба.

Зборот неуропептиди, ги означуваат различните хемиски гласници, кои патуваат низ нашето тело, секој пат кога ќе создадеме мисла или кажеме збор. Секој пат кога мислиме и зборуваме, ние произведуваме хемикалии кои патуваат низ нашето тело, ја допираат секоја наша клетка и во секоја ‘ставаат’ еден дел од таа хемикалија.

Научникот кој ова го откри се вика др. Кандис Перт. Ако нашите мисли се полни со страв, бес или на било кој начин негативни, тогаш хемикалиите кои овие гласници ги ‘ставаат’ во нашите клетки, му штетат на нашиот имунолошки систем. Ако нашите мисли се полни со љубов, оптимистични и позитивни, тогаш е поинаква хемијата на овие гласници – неуропептиди- и можат да го подобрат нашиот имунолошки систем.

Од момент во момент, ние свесно или несвесно бираме здрави или нездрави мисли. Тие влијаат на нашето тело. Една мисла, како мисла и нема некое силно влијание на нас. Меѓутоа, сите ние во просек имаме околу 60 000 мисли во текот на денот и ефектот, на нашите мисли се зголемува. Отровните мисли го трујат нашиот живот. Науката сега открива, дека ние себе си не можеме да си дозволиме ‘луксуз’, да мислиме негативни мисли. Тие не’ прават болни и не’ убиваат.

Извор: Ratnici svetlosti

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: