Да останете свои, во свет кој постојано се обидува да ве промени, е најголемиот успех

Дали некогаш сте сретнале луѓе, за кои можете да кажете дека зрачат со самодоверба? Ако мислите дека се родиле такви и дека вие, не можете да станете како нив, се лажете.

Со помош на неколку совети за самодоверба, таа можи да се изгради и зацврсти. Ево што тие работат поинаку:

Сите правиме грешки понекогаш. Личноста со висока самодоверба го прифаќа овој факт, како составен дел од животот. Тие, никогаш нема тврдоглаво да се држат до својот став, само за да му пркосат на соговорникот.

Личноста со самодоверба, разбира дека не губи апсолутно ништо, ако ја признае својата грешка. Ваквиот став може само да помогне. Кога ќе признаете дека сте згрешиле, добивате можност за усовршување. Личноста со изградена самодоверба, обично е подготвена да го превземе ризикот, кога никој друг, нема ниту да се обиде.

Ризикот од неуспех, никогаш нема да успее, да ја надмине желбата за напредување. Овие ризици овозможуваат, брзо да се научи нешто ново, и да се види можност, таму каде што стравот ги затвора очите, кај другите луѓе. Размислете само што можете да постигнете, ако не се плашите од неуспех.

Луѓето кои се сомневаат во себе, молбата за помош ја сметаат како знак на слабост или неспособност. Напротив, личности полни со самодоверба, знаат дека никој од нас не е роден научен и да никој, не може се’ да разбере и затоа, нас повремено, ни треба помош. Јаките луѓе создаваат околу себе широка мрежа на подршка и со задоволство, им помагаат на другите.

Помошта е сосем во ред. Многу мал број на луѓе, е во состојба да успее во некоја работа самостојно и без некаква подршка. Остварените луѓе знаат, колку вредат и што можат да направат. Не им треба одобрување на околината за да се почувствуваат вредни за љубов, пријателство, комуникација.

Свесни се за фактот колку е важно, во текот на разговорот навистина да се слуша соговорникот, а не само да се чека пауза, за да уфрлат своја реплика. Егото не им е на прво место и во секој момент се подготвени, своето знаење да го поделат со другите.

За да изградите самодоверба, пред се’, морате добро да се запознаете себе и да сфатите дека ништо на овој свет не трае бесконечно. Затоа, ако нечие друштво, идеја или предлог не ви одговараат, морате да знаете, дека е сосем во ред да одбиете некој.

Вие сте на прво место. Ако на секој сакате да му помогнете, тоа ве носи, до моментот кога ќе бидете преполни со обврски, а последицата од тоа е стрес, па и нарушување на физичкото здравје. За да почнеме вистински да се почитуваме себе си, потребно е да сфатиме дека секоја личност на овој свет, е вредна на свој начин.

Секој од нас има свои доблести и слабости. И секој од нас има недостатоци. Никогаш не ги потценувајте и не ги осудувајте другите луѓе, поради нивното однесување. Секој го бира својот пат и ако тој не ве загрозува вас, не треба да ве интетесира.

За многумина среќата и самодовербата одат рака под рака. Кога самодовербата расте и среќата е поголема. На крајот и едното и другото произлегуваат, од желбата вистински да се сакаме себе.

Извор: Still

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: