Емоционална интелигенција е човечка способност, да ги препознае и сфати сопствените емоции, намери, мотивација и желби, како и емоциите на другите луѓе. Емоционално интелигентните луѓе, имаат способност да ги контролираат своите емоции, што позитивно влијаат на практичното решавање на проблемот.
Значи, како што гледате, емоционалната интелигенција може да биде моќно оружје. Со помош на тоа можеме да го контролираме (во разумни граници, секако, и не на штета) однесувањето на другите луѓе и што е најважно, нас самите.
Откриваме 10 заповеди на емоционално интелигентни луѓе:
1. Внимателно ги анализираат своите чувства. Ако сте одлучиле да ја развиете емоционалната интелигенција, најпрво морате да научите нешто за себе, да си ги поставите вистинските прашања. На пример: ‘Какво е моето расположение денес и како, тоа може да влијае на одлуките кои треба да се донесат?’ Или ‘Кои се моите сили и слабости’? И што е најважно, да се поставуваат вистинските прашања. Само на тој начин, можете да сфатите и да ги проучите своите реакции.
2. Ги набљудуваат работите од различни агли. Кога го набљудувате некој (или себе) или ги слушате другите, не се фокусирајте на тоа што е ‘правилно’ а што ‘погрешно’. Прво, таква категоризација е повеќе од смешна. Второ, вашата задача е да разберете како перцепцијата на исти работи се разликува. Важно е исто така, да се дојде до причината и механизмот на оваа појава. Доволно е да се научи дека тоа го доживувате исклучиво како корисна лекција, а не желба некого да го понизите или навредите, бидејќи ќе добиете единствена прилика да ги дефинирате своите ‘слепи точки’. Значи- можете да се подобрите во вистинска насока.
3. Знаат себе, да се запрат кога е потребно- на време. Сите знаат колку понекогаш е тешко да се контролираат чувствата, кога сме бесни или огорчени. Тогаш е важно да направите пауза! Таа ‘пауза’ е од суштинско значење. Добивате драгоцени минути, да застанете и да размислите пред да постапите или проговорите.
Секако, тоа звучи едноставно, но обидете се да го примените во пракса..Сетете се колку пати сте зажалиле поради она, што сте кажале или направиле! И да се застанете и за момент да помислите…Дали исто ќе направите? Еве одговор на прашањето.
Научете на време да кажете ‘Застани!’ Не очекувајте дека ова ќе се случи прв пат или по десети. Вежбајте ја оваа вештина постепено. Со време се’ ќе биде во ред. Како награда, ќе се поштедите себе си од стотина неприлики и жалења, поради раскинати пријателства или врски.
4. Ја развиваат емпатијата во себе. Наместо да ги обвинуваат другите луѓе и да ја налепат етикетата, емотивно интелегентните луѓе се обидуваат, барем за секунда да погледнат што се крие зад ‘розевите наочари’. Запрашајте се: ‘Зошто оваа личност така реагира?’ ‘Што тој моментално чувствува?’ Или ‘ Поради што се грижите секој ден?’
Направете го тоа, кога ќе посакате на некој да му судите или ќе се налутите и ќе сфатите, дека нашиот свет и луѓето во него, потполно се различни. Се’ е многу подлабоко, често едноставно и што е најважно- уште поинтересно, од она што сме замислиле!
5. Не забораваат да ги пофалат и другите луѓе. Сетете се дека пофалбите кои ги слушате од другите луѓе ве инспирираат и мотивираат да станете подобри. Кога ќе се фокусирате на добрите дела на други луѓе и ќе им кажете како ги почитувате, ги инспирирате да станат уште подобри. Така светот го правиме малку подобар, бидејќи сите се обидуваме да станеме своја подобра верзија.
6. Не им е тешко да кажат извини. ‘Ми е жал, извини’ – на многумина им е тешко да го изговорат. Овие зборови имаат навистина голема моќ. Кога ќе пронајдете храброст, да ги признаете своите грешки и побарате простување, тогаш ги развивате квалитетите, неопходни за контрола на емоциите, како понизност и автентичност.
7. Знаат како да простат. Се додека не знаеме како да простиме, секое непријатно искуство или моментот на тага, останува жива рана на нашата душа. Емоционално интелигентните луѓе, сметаат да е животот убав и среќен. Затоа и им простуваат на другите и така се ослободуваат од големиот терет.
8. Никогаш не правете брзоплети заклучоци. Не донесувајте заклучоци за другите луѓе, додека навистина не ги запознаете. Секогаш обидете се да ги облечете туѓите чевли и да тргнете по нивниот пат. Не носете заклучоци предвреме и ќе видите, како околу вас ќе се прошири кругот на добрите луѓе.
9. Знаат да ги контролираат своите мисли. Прва реакција на многу луѓе на негативната ситуација е иритација или лутина. Емоциите се надвор од вашата контрола и сега тие, а не вие, контролираат се’ што се случува. Постои само еден начин тоа да се запри: фокусирајте се на своите мисли. На овој начин, можете да ги контролирате своите емоции. Како што поговорката вели: ‘Не можете да и’ забраните на птицата да седи на вашата глава. Но, можете да спречите, таму да направи гнездо. Ако се фокусирате на своите мисли и реакции, никогаш нема да станете роб на емоциите, без оглед колку тие биле јаки.
10. Секогаш учат нови работи и постојано се развиваат. Емоционалната интелигенција не е достигнување на совршенство или одредено ниво на ‘надчовек’. Се работи за континуирано учење и развој. И морате да учите секој ден и секоја минута- до последен здив. Штом ќе почувствувате дека научивте една или друга заповест за развој на емоционалната интелигенција, вашите ‘крила’ можат да пораснат.
Колку добро ќе разберете, дека во секој ден треба да се развивате и учите нешто ново, зависи од тоа, колку навистина сте ‘емоционално интелигентни’
Извор: Lovesensa
Leave a Reply