Сите вие кои сте тргнале по ‘духовниот пат’, веројатно често доживувате некои болни нуспојави на својот пат. Болни се, но секогаш резултираат со поголема јасност, мудрост и подлабока перспектива. Препознавање на тие заеднички потешкотии на духовниот пат, ни помага да сфатиме, дека не сме сами и дека постојат одредени архетипски енергии, со кои, сите луѓе на духовниот пат се соочуваат.
Ако доживувате некои од овие потешкотии, имајте верба. Промената се случува, бидејќи станавте автентична личност. Болката која ја чувствувате е само привремен катализатор, кој ќе ве насочи кон ‘ново јас’. Како се менувате, природно е да тагувате за загубата на некои аспекти на своето минато себство. Не се врзувајте за менталната слика на својот стар идентитет. Она што е клучно за решавање на овие болни потешкотии на патот на духовниот раст е прифаќање на текот на животот и соочување со стварноста, а не негово избегнување.
Овие се 5 најчести болни потешкотии, кога ние духовно се воздигнуваме:
1. Губење на пријатели. Тоа може да биде посебно трауматично. Како станувате се’ повеќе духовно поврзани, кај вас може многу брзо да се случат промени, а тоа може да влијае на некои ваши најблиски пријатели. Тоа може да предизвика, некои ваши пријатели да се свртат против вас, да се дистанцираат од вас или дури да почнат расправија со вас. Некогаш порано, можеби сте биле заедно со нив, вклучувајќи и однесувања, кои сега ги сметате за погрешни, како што е оговарање, жалење или натпреварување за топ позиција во својот чопор од пријатели.
Темите за кои порано сте разговарале со своите пријатели, сега прават да се чувствувате празно, вас ви е подобро да разговарате за работи, кои вашите пријатели не ги разбираат или за кои не се заинтетесирани. Можеби дури ве нарекуваат луди поради тоа.
За жал, овие разлики во перспективата и однесувањето понекогаш можат да ги уништат пријателствата кои многу ви значат, во текот на годините. Бидете искрени кон себе. Немате моќ да го промените начинот на нечие размислување, ниту морате. Се’ што можете да направите е, да бидете искрени и оргинални, а Свемирот ќе ве поврзе со луѓето кои се ускладени со вашето ниво на вибрации.
2. Несогласувања во семејството. Членовите на вашето семејство, веројатно нема да ве напуштат, поради тоа што сте на духовен пат, но многу веројатно ќе бидат збунети со промената на вашата перспектива. Доволно е да бидете она што сте и блискоста повторно ќе се јави. Запомнете, подобро е да бидете несфатени поради она што сте, отколку да се криете поради стравот, од она што вашето семејство може да мисли. Се работи за вашиот живот, а не за нивниот.
3. Исмејување од страна на општеството. Додека некои луѓе се на свесно духовно патување во денешниот свет, постојат многу кои остануваат во мракот и не знаат ништо за својата права природа. Кога станувате духовна личност, можете да бидете изложени на исмејување, поради тоа што сте поинакви. Исмејување, навредување и малтретирање, е само дел од случувањата од светот кој спие.
Тоа е најверојатно најчеста потешкотија која го прати духовниот раст. Поради тоа често, можете да слушнете вицови за луѓето кои јадат органска храна, кои медитираат, имаат луцидни соништа, работат со кристали или зборуваат за духовни теми и филозофии.
Да зборувавте за тие работи пред неколку илјади години, многу луѓе би се собрале на улица и би ги делеле своите искуства. Денес е тешко да се излезе од ‘затворот’, за своите духовни уверувања. Осудата која можеби ја чувствувате поради своето отскокнување од мнозинството, може да биде непријатна во почетокот, но верувајте дека со време, тоа ќе биде се’ поретко и полесно ќе се носите со тоа. Останете автентични и искрени. Кога луѓето ве исмејуваат, тие сами изгледаат глупаво и пакосно.
4.Промените во кариерата. Кога ќе ви се промени перспективата, понекогаш ќе се случи, она што порано функционирало едноставно повеќе не функционира. Одеднаш, работата која сте ја работеле долго време, ви создава чувство на празнина или уште полошо, станува штетен за вашата душа.
Кај некои, промената на кариерата може да биде намерна и планирана, но кај други, таа може да дојде во облик на неочекуван отказ. Кога сте вибрациски неусогласени со работата, само е прашање на време, кога вие или вашиот работодавец ќе одлучите, дека во сечии интерес е, да ја напуштите работата. Таков неочекуван премин, може да биде многу болен.
Но, верувајте дека тоа се случило со причина. Многу среќа и исполнетост лежи пред вас. Животот е прекраток за да се троши време, на работи кои не ја прават вашата душа жива. Препуштете му се на Свемирот, тој ќе ве води до местото на кое точно треба да бидете духовно и професионално.
5. Осаменост. Осаменоста е природен нуспроизвод на духовниот раст. Најважно е да не помислувате, дека правите нешто лошо или дека носите неправилни одлуки, со усвојување на нов начин на живот, за кој се чини дека ги збунува другите луѓе. Останете верни на себе, ќе стигнете до удобна и стабилна положба. Кога ќе се ускладите во своите чувства, мислите со својата вистинска природа, Свемирот ќе ви даде се’ што е потребно. Бидете трпеливи и верувајте во Свемирот. Ако сакате да растете во нова кожа, треба да ја отфрлите старата.
Извор: atma.hr
Leave a Reply