Не чекај другите луѓе да те направат среќен. Секоја среќа што ја добиваш, мора самиот да си ја создадеш

Не се храниме само со она што внесуваме во своето тело, туку и со она што внесуваме во своето срце и својата свест. Јадете мудро.

Некои луѓе имаат енергија на ширење. Нивното вибрациско присуство ќе има на вас природно експанзивно дејство. Тоа не е затоа што, тие ви прават услуга или даваат комплименти, туку поради начинот на кој вибрираат.

Сега накратко замислете и сетете се на некој, кој има експанзивно дејство на вас. Доволно е да помислите на таа личност, па веднаш да почувствувате како се ширите.

Од друга страна, постојат луѓе кои имаат енергија на собирање. Поради начинот на кој вибрираат, нивното присуство ќе има собирачко дејство на вас. Тоа често можат да бидат луѓе кои не ви се допаѓаат или кои не ги сакате- тие даваат вибрации, кои кочат. Повторно сетете се кои луѓе ве собираат, но немојте тоа предолго да го работите.

Суштински гледано, вашата задача е да најдете и да се дружите со луѓе кои имаат енергија на ширење и да ги избегнувате оние кои се полни со енергија на собирање. Едноставно зар не?-

Барбара де Анџелис “Алхемија на душата”

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: