– Зошто си сам?-
– Затоа што ја сакам Љубовта!
– Но, како тогаш си сам, кога ја сакаш Љубовта?
– Затоа што Љубовта не трпи ропство, ограничувања, љубомора, ниски удари. Подобро да се биде сам, во Љубов, отколку со други, без Љубов.
– Но, тоа е себично….
– Не е, тоа е великодушно, затоа што на никој ништо не му ограничувам и му дозволувам, на секој да сака, она што сака.
– И засекогаш ќе бидеш така сам?
– Не сум јас сам, јас сум во Љубов. И во мене има многу повеќе Љубов, од многу парови заедно.
– Но, сепак ти треба некој?
– И да и не, ако се случи, добро е, ако не се случи, пак е добро, имам Љубов!
– Мислиш дека Љубовта кон себе е доволна?
– Не е тоа само Љубов кон себе, не ме разбра, тоа е Љубов, чувство на отвореност, нешто многу пошироко… Кога ја живееш Љубовта, не зависиш од Љубовта на другите.
– Чекај, пополека, како можеш са живееш Љубов, ако немаш конкретна Љубов?
– Не морам да бидам со некој, за да го сакам, Љубовта е многу поширока од тоа…
– Не разбирам, каква е тоа Љубов, ако немаш никој?
– Што тоа значи да имаш некој? Да имаш на писмено, дека некого поседуваш, мене ми е тоа глупо..Никој никого не поседува, може да се сака и без тоа..
– Ти не ја разбираш Љубовта..
– Ако е тоа Љубов, тогаш не ја разбирам. За мене Љубовта е слобода и се’ додека е слобода, таа е најубава, дали некогаш си сакал во слобода?
– Не, но, прво треба да бидам со некој, за да го сакам.
– Не, прво треба да имаш Љубов во себе, да ја препознаеш во тој некој, па дури тогаш да сакаш, без разлика каква е вашата конвенција на односот. Ако сакаш поради Љубов, таа е доволна, ако сакаш поради другите, тогаш сакаш да имаш црно на бело, дека си со некој званично.
– И до кога така?
– Додека трае.
– Како знаеш дека ќе трае?
– Па не можам да знам дека ќе трае, но, додека трае- треба да трае.
– Сепак мора званично, да се знае на што сме.
– Но, зошто е тоа толку важно? Ќе пропадне светот ако не се претвори во брак..?
-Па која е смислата на Љубовта ако не е брак, семејство?
– Смислата на Љубовта е Љубов, таа е над се’, а ова другото ако се случи.
– Сега разбирам зошто си сам!
– А јас разбирам, зошто ти се плашиш да останеш сам, страв ти е од осудата на општеството, ќе испадне дека никој не те сака.
– Има вистина
– Секако дека има, живеј ја Љубовта, пријателе, само така ќе го привлечеш оној, што ја живее Љубовта исто така. Подобро, еден таков однос во твојата мечта, или на три дена, но потполно, отколку да се биде во промашена Љубов цел живот.
Виолета Саковиќ Херман
Leave a Reply