Најмногу ќе ги паметиме луѓето кои не’ сакаа и кога не бевме баш за сакање

Среќа во несреќа е, кога ќе им бидеш благодарен на лошите луѓе за цел живот. Ќе те отфрлат, бидејќи подготвуваат место за некој важен, а на крајот нема да им дојде никој.

Но, во почеток тоа не е пријатно искуство. Да се биде исфрлен и отфрлен. Да се прашаш и да се бараш каде припаѓаш. Без оглед како се чувствуваш, не ги моли да те прифатат назад, бидејќи, ако си им важен, нема така да те понижат.

Некои луѓе ќе те истуркаат од својот живот. Не напаѓај, не создавај драми и не се одмаздувај. Животот ќе се погрижи за вас. Само собери се и тргни напред. Животот безброј пати ти покажал -кога една врата се затвора, те чекаат уште многу, кои можеш да ги отвориш.

Тие кои те отфрлиле, ќе разберат порано или подоцна, какво е тоа искуство, а ти до тогаш ќе имаш други луѓе околу себе, среден живот и подобро утре.

Можеби нема да ти кажат да си одиш, но ќе ти се закануваат, ќе се однесуваат кон тебе, како да си нивна сопственост. Имај свое достоинство и знај, каде е онаа црта, кога што треба да се рече доста. Ако својот мир не го ставиш на листата на своите приоритети, наскоро, повеќе нема да разбераш што се случува, ќе почнеш за тоа да мислиш, како за некоја судбина која е неизбежна, ќе престанеш да се бориш за себе и ќе ги пуштиш, работите да одат како што одат.

Никогаш не заборавај ја својата вредност, не е тоа некоја имагинарна рефлексија, тоа е стварен живот. Кога ја знаеш својата вредност, тогаш нема да ти биде важно, кој што зборува, бидејќи во секој момент ќе знаеш да се тргнеш, од тие кои сеат негативност и побарај друго друштво.

Биди благодарен и тргнувај напред, бидејќи те научиле да не се задоволуваш со ронка на почитување, туку одиш таму каде што ќе те почитуваат, онолку колку што вредиш, да те прифатат таков каков што си.

Leave a Reply

Up ↑

%d