Чудни се оние сенки од луѓе кои секогаш поминуваат покрај нас, без збор и без глас. Некогаш ми е ‘студено’ од оние вештачки, ‘со сила’ насмевки. Од преголемата љубезност и услужливост, кога го чекаш моментот, тој некој, да ти каже нешто, што толку ќе те вознемири, што повеќе нема да знаеш ни за себе, ни за нешто околу себе.
Не се плашам од ладно време, туку од ладни луѓе. Се плашам од оние, кои се прават најдобри пријатели и зборуваат, дека на нив можеш да се потпреш, но, кога ќе дојде моментот на криза, ќе испарат.
Мачно ми е, кога луѓето ќе станат непријатели преку ноќ, без да се случи нешто, а потоа се прашуваш, кога дошло до ‘заладување’ и што е она што направи, за да се однесуваат кон тебе така и на крајот сфаќаш, дека всушност не е до тебе.
Не сакам односи кои не се вистински, оние во кои се одмеруваат силите, барање на корист и само, заедничко поминување на време, додека не дојде некој трет. Се плашам од ‘лошите глумци’ кои упорно ја тераат таа приказна, заменувајќи го сето она, што сме и можеме да бидеме.
Ладното време ќе дојде и ќе помине, но, луѓето никако да ги оставаат своите стари навики, а тешко денес и ги препознаваш, кој е зад маската, а кој пристапува со искреност и отвореност.
Треба време, сето тоа да се научи, а може до тогаш, некој и да се промени. На крајот, се’ ќе помине.
Leave a Reply