Во сите работи е подобро да се надеваш, отколку да очајуваш

Кога ќе ти биде тешко имаш два избори: да дозволиш моментот да те дефинира или ти да го дефинираш него. Низ подолг период од својот живот, јас секогаш го бирав првиот избор.

Секогаш пуштав се’ мене да ме дефинира- случувањата од животот, тешките делови од животот. Играв жртва, признавам, така функционирав. Но, вистината е, дека ништо не ме дефинира, освен ако јас не дозволам. Сите имаме своја приказна за сопствениот живот. Многу ретко слушам позитивни, силни, инспиративни приказни. Најчесто вистинските приказни, се срцепарателни, полни со негативности и без надеж во очите.

Неодамна, се дружев со една пријателка, која го смени мојот поглед на тоа, како мојата животна приказна може да биде раскажана. Почнав како и секогаш да се жалам, се’ беше црно околу мене, тажно..Одеднаш ме прекина и ми рече: ‘Доста веќе. Не постои ништо тажно во твојот живот’ – Како? Ништо не ми беше јасно.

Потоа продолжи: ‘За мене, мојот живот е пат. Се соочив со самосожалување и омраза кон себе, со која и понатаму се борам, понекогаш дури и секојдневно, но, се борам со секоја таква мисла во било кој сегмент од животот, да не дозволам да биде мојот живот, тажна приказна.

Ова нејзино размислување, ме донесе до точка, од која почнав да живеам малку поинаку. Гледам на се’ позитивно. Се обидувам од се’ да извлечам поента и добро. Работите кои ми се случувале и понатаму се случуваат, знаат понекогаш да ме повлечат на стариот пат на размислување( жртва), но веднаш се враќам назад.

Се’ е тоа игра на умот. Мојот живот не е тажна приказна, секогаш има и може полошо. Затоа одлучив да се менувам. Не е лесно, но не е невозможно. Се чини дека луѓето сакаат, да живеат на едноставен начин и очекуваат, дека другите ќе ги извлечат, ќе им покажат како понатаму. Но, сети се, дека секој има своја приказна. Сите гледаме на работите поинаку.

Затоа не очекувај од другите да те извлечат, само работи на себе. Денот е, живот кој треба да го живееш сама, никој не може да го живее наместо тебе. Не биди жртва. Не биди осветољубив човек. Не биди контрадикторна, со своите стандардни човечки емоции. Биди сила на природата.

Менувај ги уверувањата кои не ти служат. Биди силна и одважна во своите акции. Дефинирај го својот живот, не дозволувај, животот да те дефинира тебе. И не заборави, дел од приказните од твојот живот, можат да бидат тажни и животот може да биде во тешка позиција. Но, секогаш некој друг живее, многу полошо и потажно од тебе.

Кога тоа ќе го освестиш, верувај дека твоите проблеми ќе станат полесни и дека твојот живот, е всушност убав. Направи го да биде среќен и исполнет. Твојата животна приказна е единствена, твојата приказна има почеток, а и крај. Направи го овој дел од приказната сега среќен, бидејќи ти си таа, која може да создаде живот каков сакаш да имаш.

Извор: alternativainformacije

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: