Нема смисла, постојано да ги потиснуваме работите кои не ни се допаѓаат и да премолчуваме, она што треба да се каже. Нема смисла, да се остане во битки, кои никаде не водат, со мисла, дека тие ќе произведат некоја важна промена во животот и да им се докажуваме на другите, кога нив им е сеедно, што сме кажале или премолчале, сме направиле или не.
Мора еднаш човекот да каже Доста, бидејќи нема смисла да им дозволи на секоја олуја, да му го расипе животот. И не само на другите да им каже Доста, што ги трпел работите кои не му требале, туку Доста, да каже на уверувањата, кои никаде не го носат, Доста на навиките, кои неговиот живот го пикнале во затворен круг.
Нема смисла, да се бара својот мир, без да се слушне своето срце. Треба да се каже ‘Не’ на сите работи кои го повредуваат срцето, тивко и гласно, површно и длабоко. Мора човек еднаш, да каже кога е доста и да престане со игрите, кои не се игри, туку натпревар кој има повеќе, кој може подобро.
Нема смисла да се задржуваат солзите, да се потиснува копнежот и да се однесува, како ништо да не се случило. Мора човекот да сфати дека физичката сила, не е доволна за да се живее добар и квалитетен живот, туку да почне, да вложува повеќе во својата духовна сила, колку и да е тешко и малку, за трудот кој се вложува.
Кога еднаш човек ќе каже ‘Доста е’, сите работи почнуваат да се менуваат, бидејќи се поставуваат нови критериуми и нови правила, и нема повеќе да се жали на умор, туку ќе сфати, дека мора да ги пробие новите рекорди во својот живот.
Кога еднаш ќе каже ‘Доста е’, си дава можност да живее од почеток и да носи подобри одлуки, мудро да гради нови односи и да отфрли се’ она, што не е вредно и не го прави среќен.
Leave a Reply