Единствениот начин да ти биде подобро, е да се опкружиш со луѓе кои веруваат во тебе

Не знаеме ништо, а се правиме дека знаеме сѐ. Селективни сме по прашањето за чувствата. Глумиме исти улоги цел живот. Стравот е во секоја наша клетка, а сакаме слобода, но по наши правила.

Се правиме слепи, за сѐ што ни се допаѓа и одбиваме такви информации секој ден, прашувајќи се, од каде ни е стресот и кој од оние ‘другите’ е виновен. Се оградуваме од своите емоции, а потоа и од емоциите на другите.

Носиме некои замислени штитови околу себе и не се обидуваме, ни случајно да го спуштите својот гард и да си дозволиме себеси, сѐ што е околу нас. Покажуваме со прст во другите, како причина за нашето нерасположение.

Ја бараме среќата надвор од нас или веќе сме се откажале од трагање. Својата сенка ја фрламе на другите и ги осудуваме колку се мрачни. Замислуваме некој себичен свет, во кој сѐ е по план на нашето его, се лутиме на секој, кој ќе го мрдне платното, на кое ги цртаме своите замисли и апсолутистички барања кон животот.

Наместо да го смениме филмот, кој повторно и повторно го пуштаме,  ние всушност се обидуваме, само да ја смениме позадината, на којa филмот се прикажува. Се занимаваме вечно со некои докажувања на лошата слика за себе, со мисла, да добиеме нечие одобрување, а само го гледаме следниот момент на “паѓање”.

Сите се нешто зафатени со своите животи, цели, планови, идеи, проблеми…Веруваме, дека мораме сѐ сами и никој не може да ни помогне, затоа што сме посебен тежок случај или затоа што себеси се доживуваме како жртва.

Сѐ ни е тешко, дури и она што изгледа лесно за нас, е драма и истиот момент сомнително пристапуваме, оптеретувајќи се со скриената намера на ‘другиот’. Само нашата точка на гледање, делува како правилна и не оставаме простор, дека можеби стварноста за некој друг е навистина поинаква, од она што ние го доживуваме како ‘вистина’ и ‘реалност’.

Верувајте, се’ може да се смени.

Верувам дека секој може да го направи првиот чекор. Ставете ги дланките на срцето и речете си: ‘Се чувствувам подготвено за моето ново искуство. Во ред е да се сака и да се биде ранлив. Сигурно е да се биде овде и сега’.

Колку и да ми е непријатно, избирам да кажам како се чувствувам и ги почитувам чувствата на другите. Нека биде мир и радост, таму каде што била вознемиреност и грижа. Нека биде сочувство, каде што била себичноста. Нека биде љубов, каде што била омраза. Нека биде доверба, каде што бил стравот. Нека биде вера, каде што бил сомнежот. Нека биде трпение, каде има неиздржливост. Нека биде олеснување, ако грижата била главна.

Нека биде разбирање каде што бесот доминирал. Светлината нека го пронајде патот до мене, да ја трансформира секоја моја станица во љубовта и нека се помножи и рашири на целиот свет, на оние кои ми се посебно драги, на оние кои ги сакам, на оние кои се неутрални, на тие кои не ги познавам, кои ме изневериле, нека биде светлина и љубов, во оние, за кои верувам дека ме повредиле или биле неправедни, нека љубовта исчисти се’ и нека биде по волјата нејзина. 

 by Рита

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: