Променете ги своите вредности и ќе го промените својот живот

Верувам дека животот е како река и дека повеќето луѓе, влегуваат во таа река, а никогаш всушност, не одлучиле каде сакаат да завршат. И така за многу кратко време, тие се фатени во струјата: во струјата на случувањата, струјата на стравот, на предизвиците.

Кога ќе стигнат до местото каде реката се раздвојува, тие свесно не одлучуваат, каде сакаат да одат или кој им е смерот на одговори. Тие едноставно ‘одат како ги носи водата’. Стануваат дел од мнозинството кое ги насочува случувањата, наместо нивните сопствени вредности.

Поради тоа, чувствуваат, дека немаат надзор. Остануваат во таа несвесна состојба, се додека еден ден не ги разбуди звукот на разбеснатата вода. Тогаш откриваат, дека се наоѓаат два метри од ‘водопадите на Нијагара’ во чамец без весла. Во тој момент ќе речат: ‘Ах, по ѓаволите!’

Но, тогаш е веќе доцна. Се наоѓаат пред голем пад. Понекогаш тоа е емоционален пад. Понекогаш телесен или финансиски. Голема е веројатноста, дека е тоа она, што моментално ве преоптеретува во животот, а може да биде избегнато, со подобра одлука кога пливате низводно.

Anthony Robbins

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: