Како се менува животот, кога почнувате да се почитувате себе си

Патот кон самоосознавањето, обично го замислуваме како широка патека осветлена со сонце, меѓутоа, тоа е често тесно патче, полно со плевел, камења и други препреки. Понекогаш е тешко да се истрае, но храброста и упорноста повеќекратно се исплаќаат. Големиот швајцарски психијатар C.G.Jung рекол, дека не можеме да бидеме просветлени, додека не ја освестиме својата темница, а таа темница, ја нарекол сенка.

Таа не’ нервира, плаши, лошо ни е од неа, без оглед дали ја гледаме кај другите луѓе или кај нас самите. Сенката е се’ она, што се обидуваме да го скриеме од блиските луѓе и се’ што не сакаме, другите луѓе да дознаат за нас.

Има голема моќ во нашите животи. Сенката одредува што можеме, а што не можеме да правиме, што ќе не’ привлекува неодоливо, што ќе избегнуваме, што ќе сакаме, а што ќе осудуваме и критизираме. Таа го диктира и степенот на нега или занемарување, кое ќе му го дадеме на своето тело, степенот на задоволство, кое себе си ќе си го дозволиме.

Сенката е автор на сценариото, кое почнува да делува во време на страв и страдање, конфликт или кога не сме свесни за своите постапки. Таа ќе ги саботира нашите животи, тогаш кога најмалку сакаме или очекуваме и ќе ги исполни нашите дисфункционални уверувања.

Сенката не овозможува слобода, бидејќи ние сме многу повеќе од оние квалитети, кои се вклопуваат во нашиот Его идеал. За да ги повратиме сите квалитети, кои се во сенка, мора да ги погледнеме и да ги пронајдеме соодветните, сигурни начини да ги изразиме. Ако тоа не го направиме, се’ што е потиснато ќе почне нас да не’ води низ животот, а ние ќе бидеме жртви.

Сенката е опасна, единствено тогаш, кога ја држиме ‘заклучена во подрум’. Нема јунак без злосторник. Да се потсетиме, дека ни јунакот во некоја приказна, нема да постои ако нема злосторник кој го предизвикува на неговиот пат. Во овој случај, злосторникот е импулс, кој не го разбираме или не знаеме, како да излеземе на крај со него.

Се’ додека оспоруваме, притискаме и го намалуваме значењето на тие импулси, ќе бидеме во нивна власт, а нивната мудрост ќе не’ заобиколи. Проблем во освестувањето на сенката, се создава и затоа што нашата личност не’ уверува, дека не постои ништо што не знаеме за себе, односно дека сме ние таа личност, која ја гледаме ‘во огледалото’. Со тоа ја затвораме можноста за се’ друго, што можеме да бидеме.

Така ја губиме можноста за избор, затоа што не можеме да направиме ништо надвор од границите на карактерот, кој го играме и за кој сме врзани. На тој начин, личноста ги контролира ситуациите во нашиот живот, а ние стануваме слепи, за неизмерни можности кои ни се отвараат. Кога ќе престанеме да се претвораме во нешто што не сме, кога веќе немаме потреба да се криеме, тогаш можеме да ја осознаеме слободата на изразување на автентичното битие.

Која сенка е најопасна?

Кога ја ускратуваме својата слобода на изразување на својата темна страна или одбиваме да го прифатиме нејзиното постоење, таа расте и станува моќна сила, способна да го уништи, нашиот сопствен и животот на нашите блиски луѓе. Што повеќе се трудиме да ги потиснеме деловите на личноста, кои ги сметаме за неприфатливи, тие повеќе ги пронаоѓаат штетните начини, сами да се изразат.

Последицата од дејството на сенката, кога нашата потисната темнина излегува на виделина, наведувајќи не’ да делуваме несвесно и на неочекувани начини. Исчезнува кога нешто од надворешниот свет, ќе ја потикне нашата внатрешна темница да се разоткрива.

Тогаш на сцена стапуваат дисфункционални уверувања, односно настојувањето, да ги потврдиме. Тоа, секако, се случува во најнепосакуваниот момент, тогаш кога сме речиси на целта.

Жртви на сопствените проекции.

Ако сме опседнати, со некои делови на сенките на другите луѓе, тоа е затоа што тие успеале да ги допрат, некои делови на нашата сенка. Проекција е одбранбен механизам на егото, со кој, тој се штити од несакани содржини. Наместо да увидиме, што не ни се допаѓа кај нас, ние го проектираме на некој друг. На своите родители, деца, пријатели, колеги или уште подобро, на јавни личности кои никогаш не сме ги запознале.

Секој пат, кога осудуваме или ги обвинуваме другите, тоа е откажување или отфрлање на деловите од нас самите. Меѓутоа, тие делови кои се обидуваме да ги избегнеме, колку и да се скриени од нашите погледи, постојат и понатаму како дел од нашето енергетско поле.

Однесувања и чувства со кои не сме во мир, секогаш ќе најдат екран за проекција. Кога имаме особини кои не се освестени, во својот живот, привлекуваме луѓе и настани кои ни помагаат да осознаеме, да го исцелиме и да го прифатиме аспектот кој го оспоруваме. Ако ги прифатиме особините кои не’ иритираат кај другите, тие повеќе нема да не’ вознемируваат. Можеме да ги приметуваме, но, нема да има влијание на нас.

Сенката се создава во детството бидејќи, без оглед на тоа колку се прекрасни нашите родители, ние сме се срамеле, да искажеме некои свои особини. Секогаш примаме некои пораки кои не’ предупредуваат дека нешто со нас не е во ред или дека сме лоши на некој начин. Овие негативни пораки, длабоко се вкоренети во нашата потсвест и го менуваат нашето доживување на себе си, не’ приморуваат нас да ги отфрлиме овие аспекти, на својата личност, бидејќи се неприфатливи. Кога нашето однесување, ќе се сретне со критика или казна, ние несвесно сме се одвоиле, од некој дел на своето автентично ‘Јас’.

Така сме се раздвоиле, од својата исконска радост. Ништо толку не ја зајакнува сенката како проекцијата, односно уверувањето, дека нашите проблеми лежат во другите луѓе. Сенката не исчезнува кога ја напаѓаме, таа зацелува кога и’ простуваме.

Извор: Sensa.hr

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: