Кога повеќе не се трудиш да ги импресионираш другите- ти си слободен!

Секој пат, кога од нешто се откажувате, сами себе си се залажувате, всушност, засекогаш се врзувате за тоа нешто.

Еден индиски гуру еднаш рече: ‘Секој пат кога ќе дојде кај мене проститутка, не зборува за ништо друго, освен за Бог. Вели дека животот и’ е смачен и дека го сака Бог. Но, секој пат, кога свештеник доаѓа кај мене, не зборува за ништо друго, освен за секс’.

Така е тоа, кога ќе се откажете од нешто, станувате негов заробеник. Кога се борите против нешто, останувате за тоа вечно врзани. Се додека се борите против тоа, му давате моќ. Му давате моќ, колку што вложувате во борбата против тоа.

Прво што треба да направите, е да дојдете во допир со негативните чувства, за кои дури не сте свесни. Многу луѓе се потиштени, но не се за тоа свесни. Дури кога ќе почувствуваат радост, ќе сфатат колку биле потиштени. Не можете да го излечете ракот, ако не го откриете.

Кои негативни чувства? На пример незадоволство. Чувствувате омраза кон себе или вина. Чувствувате дека животот е бесцелен, дека нема смисла; повредени ви се чувствата, нервозни сте или напнати. Дојдете прво во допир со тие чувства.

Вториот чекор, ( во оваа програма од четири чекори) е дека тоа чувство е во вас, а не во стварноста. Тоа е така очигледна работа, но дали мислите, дека тоа луѓето го знаат? Не знаат, верувајте ми . На училиште не не’ научија како се живее; друго се’ не’ научија. Како што еден човек рече: ‘Стекнав прилично добро образование. Требаше доста години тоа да го преболам.’

Повторете ја оваа програма илјада пати:

а) Препознајте ги негативните чувства во себе;

б) Сфатете дека тие чувства се во вас, а не во светот,

в) Не гледајте на нив, како на нешто што е составен дел на ‘Јас’- тие работи доаѓаат и си одат;

г) Сфатете дека, кога вие ќе се промените, се’ ќе се промени.

Од книгата ‘Свесност’ – Anthony de Mello

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: