Простувам, но не заборавам

Која сум јас, на некој да му судам, кога не ја знам неговата приказна? Која сум јас, на некој да му кажам што е подобро, кога ни сама не сум сигурна, што е за мене добро? Која сум јас, да му кажам на друг што треба да прави, кога по стоти пат, носам погрешни одлуки и со своето однесување се загрозувам себе и другите?

Која сум јас, да можам да го погледнам другиот во очи и да дадам предлог, сугестија или нешто трето? Од каде тоа право? Нема да влегувам во туѓ живот, како оној кој знае подобро, бидејќи кој гарантира, дека тоа ‘подобро за другиот’, навистина ќе биде добро.

На крајот, ни сама себе си не се познавам доволно, па, како тогаш можам да знам, што другиот го плаши, кои се неговите копнежи и цели. Немам право, да му дишам на некој во вратот…Единствено можам да речам: еве, ако сакаш, види го мојот живот, па ако ти се допаѓа, живеј вака како јас што живеам.

Повеќе од тоа не можам, бидејќи тука е границата, која не смеам да ја преминам или некого да повредувам. Не си дозволувам себе си, да влегувам во туѓи животи, но нема да дозволам на никој, со сила и по секоја цена, да влегува во мојот, да се пика таму каде што не припаѓа, посебно не, на оние чии намери не ги знам, а целите им се таинствени.

Да има вакви луѓе повеќе, ретко ќе се случува повредување и рани, ‘кршења’ и предавства во односите, омраза и нетрпеливост.

Не си дозволувам себе си да влегувам во туѓ живот, бидејќи, на крајот тоа не е мој живот.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: