Ако ја имаш способноста да сакаш, прво сакај се себеси

Чувај се. Секој пат, кога созревајќи, сакаш да промениш нешто, што е погрешно, во она што е правилно, не заборавај дека првата револуција, треба да се изведе во самиот себе- првата и најважната.

Да се бориш за една идеја, а да немаш идеја за себе, една е од најопасните работи кои можат да ти се случат. Секој пат, кога ќе се почувствуваш изгубено и збунето, помисли на дрвјата и сети се како растат. Не заборавај, дека едно дрво со голема крошна и мали корења, ќе биде искорнето по првиот налет на ветрот, додека низ дрвото со многу корења и мала крошна, дури и соковите едвај протекуваат.

Корењата и крошната мораат да растат заедно; мораш да бидеш истовремено во работите и над нив, бидејќи само така ќе можеш да понудиш ладовина и засолниште, само така, кога ќе дојде време, ќе се открие со цветови и плодови.

И кога пред тебе се отвораат многу патишта, а ти нема да знаеш по кој пат да тргнеш, немој да појдеш по било кој, туку седи и причекај. Диши длабоко и со доверба во себе, онака како што дишеше оној ден кога дојде на овој свет; не дозволувај нешто да ти одвлече внимание; чекај и понатаму чекај. Биди мирна, молчи и слушај го своето срце. Кога ќе го слушнеш гласот што доаѓа од него, стани и оди каде што тоа те води.

Тамаро

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: