Луѓето кои имаат карактер и храброст, секогаш им се трн во око на оние другите

Дали е можно да се живее без отпор? Можно е. Кога ќе научиме да сакаме и да прифаќаме се’ што е во сегашниот момент во животот, како и се’ што било во минатото, без никаква осуда и жалење. Без непотребна анализа.

Како? Едноставно бидете со секое искуство, набљудувајте ги мислите и емоциите без отпор, без оглед какви се. Мислите и уверувањата стануваат ваши, само кога вие ќе ги прогласите за ваши особини. Тие немаат влијание на вас, ако вие сами не им дадете таква сила и моќ.

Обидете се на секоја емоција или мисла на страв, лутина, отпор, срам или осуда, да реагирате со еден збор:’ Интересно!’ Прашувајќи се себе: ‘Во што јас верувам, а што предизвикува вака да се чувствувам? Дали ова верување е вистинито?

Без отпор, не давајќи им на зборовите и мислите моќ, не прогласувајќи ги за добри и лоши, дајте им само една реакција: ‘Интересно’!

Додека така делувате, ја неутрализирате моќта која порано, од незнаење, му ја дававте на разни работи и случувања. Бидете нежни кон себе. Трпеливи и полни со разбирање. Колку сте по трпеливи кон себе, ќе имате автоматски повеќе трпение и разбирање за другите.

Сакајте ја секоја мана и грешка, како на себе, така и на другите, бидејќи тоа се само маркери, кои покажуваат, што уште држите во себе. Единствено кога осудувањето и критизирањето повеќе нема да биде дел од вашата програма, ќе сфатите дека е сосем лесно и природно да се сакате себе си и другите.

Кога едноставно знаете, дека се’ е токму така, како што треба да биде и дека секогаш се’ се случува со некоја причина, развивате доверба во водството, кое ве води непогрешливо и мудро.

Тогаш спознајте дека во вашето минато, било се’ така како што требало да биде, со што автоматски се ослободувате од вината и стравот од иднината. И тогаш нема повеќе ‘треба’ или ‘мора’, ниту крути правила за тоа, како работите треба да изгледаат.

Почнувате да го доживувате животот, како место за вистинска слобода и уживање. Деновите поминуваат лесно, ви доаѓа се’ што ви треба, точно кога треба и на кој начин треба. Ги вкусувате сите ваши радости- преку смеа и прифаќање на сопствените ‘мушички’ и смешни ситуации, кои доаѓаат со животот во физичкото тело.

Ништо повеќе не судите како добро или како лошо, туку на се’ гледате како на патокази, на овој еволуциски пат. И со време, откривате дека уверувањата, мислењата, зборовите и заклучоците на другите ја губат моќта, која ја имале над вас. Почнувате да делувате и да живеете од мирното место- одвнатре, од каде глупостите на овој свет, не можат да ве допрат. Ви станува поважен вашиот внатрешен мир, отколку да бидете во право. И тој мир ја носи вистинската слобода.

извор: alternativainformacije

Leave a Reply

Up ↑

%d