Стариот будистички монах добил задача да ги подучува девојките во еден храм. Еден ден разговараа за љубовта и монахот им го рекол следното:
– Секогаш морате да бидете свесни за опасноста од претерување во било што. Премногу бес во борба, доведува до невнимание и смрт. Премногу жар во религиските уверувања, ќе ви го затвори умот и ќе создаде во вас предрасуди.
Исто така премногу страст во љубовта, во вашиот ум, создава идеализирана слика за саканата личност. Кога ќе сфатите, дека таа слика не е реална, ќе се разочарате и ќе бидете бесни. Премногу да сакаш е како лижење мед од оштрицата на ножот – им рече монахот.
Една од девојките прашала: ‘Како вие знаете нешто за љубовта помеѓу маж и жена кога сте во целибат?’
– ‘Можеби еден ден, ќе ти раскажам како и зошто станав монах’- одговорил кратко.
Leave a Reply