Секој од вас има своја конструкција. Секој од вас Me разбрал и Mе креирал на свој посебен начин. За некој од вас сум маж, за некој жена, за некој и двете, за некој ниту едно.
За некој сум чиста енергија, за некој чувство кое се нарекува љубов. Некој нема никаква идеја кој сум Јас. Вие едноставно знаете дека Јас Сум. Тоа е токму така.
ЈАС СУМ.
Јас сум ветрот, што ви ја гали косата. Јас сум сонце, кое ви го грее телото. Јас сум дожд, кој паѓа на вашето лице. Јас сум мирис, на цвеќето во воздухот и цвеќето кое ви праќа мирис.
Јас сум почеток на мисли. Јас сум крај на твојата последна мисла. Јас сум твојата најсветла идеја и слава на нејзиното остварување. Јас сум твоето најпријатно чувство и дел од тебе, кое повторно копнее за него. Направи било што, ако тоа делува на тебе, за да се поврзеш повторно, дали е некој ритуал, церемонија, демонстрација на нешто, мисла, песна, збор или дело – направи го тоа.
Направи го во Мој спомен.
Нил Доналд Волш- ‘Разговор со Бог’
Leave a Reply