Животот е навистина едноставен, но ние инсистираме да го направиме комплициран

Пред да се разбудам за стварноста, имав симбол за своите фрустрации: чорапите на моите деца. Секое утро, тие беа на подот и секое утро јас помислував ‘Моите деца треба да ги соберат своите чорапи’. Тоа беше мојата религија.

Може да се каже дека во мојот ум, светот забрзуваше- вон контрола: насекаде имаше чорапи. Бев бесна и депресивна, затоа што верував дека на овие чорапи, не им е местото на подот, иако утро по утро, тие беа тука. Верував дека задачата на моите деца e, да си ги соберат чорапите, иако тоа не го направиле.

Ја користам таа сликата од децата и чорапите, но, вие можете да откриете, дека и на вас се однесуваат истите мисли, само во врска со околината, политиката или парите. Мислиме дека некои работи треба да бидат поинакви, од она што се и страдаме, затоа што им веруваме на своите мисли.

Во 43-та година, по 10 години на депресија и очај, мојот вистински живот почна. Увидов, дека моето страдање не беше предизвикано со тоа што немав контрола; причина за моето страдање беше мојот конфликт со стварноста. Открив, дека страдам кога верувам во своите мисли и мирна сум, кога не верувам во нив и дека ова, е вистина за секое човечко суштество.

Слободата е многу едноставна. Открив, дека страдањето е работа на избор. Открив дека радоста во мене, никогаш не изчезнала, ни за еден момент. Таа радост е во сите, секогаш.

Byron Katie

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: