Убавите работи никогаш не се совршени

Целта на денешниот ден е- Важни се моментите кои го одземаат здивот.

Нашето време е многу драгоцено. Тоа е наше битисување во овој момент. Во него се содржани нашите можности. Да се запрашаме што правиме со него? Како го поминуваме? На што го трошиме? На кого го подаруваме? Дали на најдобар начин, ќе го искористиме времето кое сме го добиле?

Постои легенда, која вели дека со нашето раѓање, сме добиле одреден број на вдишувања и издишувања, а кога ќе ги потрошиме, нашата душа заминува.. Доброто организирање на времето, е многу важно на нашиот пат до Успехот.

Другите ќе не’ почитуваат, колку и ние самите што се почитуваме. Кој не умее да го организира своето време, не може да расте. Не може да ја превземе одговорноста за својот живот.

Сакате ли да бидете успешни? Престанете да го трошите своето време, добро организирајте се и се’ ќе стигнете. Се’ се може, кога се сака. Се’ друго се само изговори. За она што ви е важно, секогаш ќе најдете време. Зарем не? Затоа оној изговор ‘немам време’ – едноставно не е точен..Се’ е работа на приоритет.

Почитувајте го и своето и туѓото време. Не доцнете на договорени состаноци. Доцнењето е знак за непочитување на другите луѓе и нивното време. Сите имаме некој пријател, кој секогаш доцни. И кога ќе го прашаме каде е, вели ‘доаѓам за 5 мин’. А стигнува по еден час. Закажете го, само она што можете да го почитувате. Почитувајте се себе си и другите.

Времето можеме да го гледаме и како простор во кој ја манифестираме својата енергија, идеи, креативност. Не’ регенира токму она што вложуваме во своето време. И затоа почитувајте ја секогаш и својата и туѓата енергија. Не барајте изговори за времето потрошено на лоши зборови за другите, критики, празни муабети, кои само ја трошат вашата енергија. По такви разговори се чувствувате исцрпено, уморно, тажно или можеби бесно.

Запрашајте се- дали тоа навистина ви е потребно? А тоа време неповратно заминало и не можете да го вратите назад. Подобро потрошете го на учење на нешто ново, што ве радува. Што сакате. Бидејќи времето тече. Не се враќа. Искористете го, со почитување секој подарен момент. Помогнете му на секој на кој можете, било да е тоа човек, животно или растение. Бидете племенити, насочете се на она што е позитивно и делете ја, својата среќа со другите. Тогаш времето нема да се мери со минути, туку со моменти кои го одземаат здивот.

Марина Петковиќ

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading